мини|Златната була од 1222 година Златната була од 1222 бил указ издаден од кралот Андрија II од Унгарија. Кралот Андрија II бил принуден од неговите благородници да го прифати документот Златната була (Аранибула), којшто бил еден од првите примери за уставните ограничувања кои се ставени под моќта на европскиот монарх. Златната була била издадена во 1222 година во собранието на Секешфехервар.1222. április 24. | II. Истражувањето на Aranybullát Fehérváron - Магазин Rubicon Történelmi Законот ги утврдил правата на унгарското благородништво, вклучувајќи го и правото да не го послушаат кралот кога постапил спротивно на законот.Благородниците и црквите биле ослободени од сите даноци и не можеле да бидат принудени да одат во војна надвор од Унгарија и не беа обврзани да го финансираат.Ова исто така бил историски важен документ, бидејќи ги поставил принципите на еднаквост за сите племиња на нацијата. Биле создадени седум примероци на едикти, по една за секоја од следните институции: до папата, до витешкиот ред Темплари, до витешкиот дом, до унгарскиот крал, до архиепископите во Острогон, и Калоча и до палатинот.

Создавањето на повелбата бил под влијание на благородна средна класа, необична во феудалниот систем на нацијата.Како редовен гест на великодушност, кралот Андреа често донирал имот на особено верни службеници,кои потоа добија нова економска и класна моќ.Со менувањето на класниот систем и промената на економската состојба на нацијата, кралот Андреа бил принуден во декретот на Златната була од 1222 да ги релаксира тензиите меѓу наследниците и благородникот од средната класа.Molnar, 2001, стр. 32-33.

Златната була често се споредува со Големата повелба. Була била првиот уставен документ на унгарскиот народ, додека Големата повелба била првата уставна повелба на нацијата на Англија.Кормос, 2005 година

Историска позадина Доделување на слободи

Златната була која Андрија II Арпадович ја издал пролетта 1222 година е „една од многуте повелби објавени во 13 век за христијанството со кои се ограничувала кралската моќ“. Петар II Арагонски во 1205 година планирал да направи отстапки. Симон де Монфорт, врховниот командант на Катарската крстоносна војна, објавил статут во 1212 година, со кој се потврдувала привилегијата на свештенството и се ограничувал авторитетот на идните владетели на грофовствата Тулуза и Каркасон. Статутот влијаел врз Големата повелба на Јован Безземниот, со што пак се осигурале слободите на Црквата и се регулирале феудалните односи во 1215 година. Царот на Светото Римско Царство, Фридрих II, го засилил авторитетот на царските прелати во 1220 година.

Контактот меѓу Унгарија и овие земји може да се види во тој период. Арагонските благородници го заезел престолот на Унгарија на почетокот на 13 век. Унгарците учесници во Петтата крстоносна војна можеле да се сретнат со Роберт Фицволтер и другите водачи на движењето што постигнало да се објави Големата повелба. Двајца унгарски прелати го посетиле Кантербери во 1220 година. Сепак, нема директна поврзаност меѓу текстот на Златната була и другите текстови кои доделуваат слободи од 13 век.

Унгарското општество

Во 12 и 13 век во Унгарија имало барем десетина различни општествени групи. Слободните и кметовите биле двете основни категории, но постоеле и средно „полуслободни“ групи. Слободните можеле слободно да ги бираат своите господари, но во пракса се барало да бидат лојални на своите господари. Од друга страна, неслободните војници можеле да имаат голем имот, кој со закон бил заштитен од произволни дејствија на кралските власти.

Највисоко рангираните кралски функционери биле назначувани од луѓето кои се сметале себеси за потомци на унгарските водичи од периодот на основање на кралството или на странски војници кои се населиле во Унгарија за време на следните векови. Тие биле споменати како „благородници“ од крајот на 12 век, но не формирале наследна елита. Најпознатите семејства започнале да се именуваат себеси по своите предци во 1200-ти години, но нивните родословија често биле невистинити. Унгарската хроника, која била завршена околу 1200 година, нагласува дека предците на многу благородници имале важна улога во унгарското освојување на Карпатскиот Басен.

Првично, секој слободњак требало да служи во кралската војска. Оние кои не биле во можност да ја исполнат оваа обврска, требало да плаќаат даноци во 12 век. Поголемиот дел од војниците не биле слободни, но слободните можеле да служат кај водачите на кралскте замоци. Тие го бранеле замокот и го придружувале монархот на неговите воени походи во замена за земја крај кралскиот имот околу замокот. Слободните војници можеле да го задржат својот имот. Највисоко рангираните воини започнале да се нарекуваат себеси „слободни“ или „воини на светото кралство“ за да ги го нагласат нивниот привилегиран статус.

Илјадници странци, Словени, Германи, Италијанци и Валонци, дошле во Унгарија за да ги населат пределите кои не биле населени или за да работат во центрите на кралската администрација. Ваквите „гости“ ја зачувувале својата лична слобода, дури и кога се населувале на имотот на аристократите или црковните лица. Евреите во Унгарија можеле легално да се населат само во центрите на епархиите, но сепак ги имало и во други градови. Најчесто биле трговци, кои се занимавале со трговија на големи далечини. Муслиманите кои се населиле во Унгарија биле најчесто вработени во администрацијата на кралските приходи, но документирано е дека имало и муслимански војници.

Трансформација мини|Златниот печат според кој булата го носи името

Бела III, кој владеел од 1172 до 1196 година, бил еден од најбогатите европски владетели во тоа време, според извештајот за неговите приходи. Тој заработувал од периодичната размена на монети, кралскиот монопол на сол и царинските давачки, но голем дел од неговите приходи доаѓале од кралскиот имот, бидејќи поседувал повеќе од половина од земјата во кралството. Тој барал секоја трансакција што се случува во негово присуство да биде забележана, што довело до развој на кралската канцеларија. Приватните трансакции исто така биле често запишувани, и се чувале во манастири или при советот на епископот, познати како „места за автентикација“.

Постариот син и наследник на Бела III, Емерик Унгарски, се соочил со серија на бунтови кои ги иницирал неговиот помлад брат, Андреј. И кралот и неговиот брат, кој ги освоил Хрватска и Далмација, им давале големи пари на своите приврзаници за да ја обезбедат нивната лојалност. Високите функционери го поддржувале Андреј против кралот, но Емерик го поразил својот брат. Андреј го добил престолот по ненадејната смрт на синот на Емерик, Ладислав III, во 1205 година.

Главните точки во Златната була Повеќе од третина од Златната була се однесуваат на жалбите на кралските слуги. Кралот им ветил дека нема да бидат собирани даноци од нивните имоти. Тој исто така ветил дека нема да ги присилува да го примат него или неговите функционери. Кралските слуги кои немаат синови добиваат право слободно да решат кому ќе го остават својот имот во тестамент. Кралските слуги биле исклучени од обврската да патуваат со кралот на воени експедиции во странство.

Наводи

Категорија:Правна историја на Унгарија Категорија:Златни були