Софиjа Полгар ( , ); (, ) – женски унгарски, израелски и канадски шахист, учител и уметник. Таа е поранешно шаховско чудо.Со оглед дека на своето мрежно место ја користи англизираната форма на своето име, претпоставка е дека истата ја претпочита. На унгарски понекогаш е позната под семејната форма Софи (Zsófi). Таа ги поседува титулите меѓународен мајстор и женски велемајстор на ФИДЕ и е средна сестра на велемајсторите Сузан и Јудит Полгар. Живее во Израел и работи како шаховски учител и уметник.
Животопис Полгар е родена во еврејско семејство во Будимпешта. Таа и нејзините две сестри биле дел од образовен експеримент што го спровел нивниот татко Ласло Полгар, во обид да докаже дека децата можат да постигнат исклучителни достигнувања ако се обучуваат по специјалистички предмети од многу рана возраст - тезата на Ласло, која е дека „гениите се направени, не вродени". Тој и неговата сопруга Клара ги образувале своите три ќерки дома, со шахот како специјалност. Тие ги научиле своите ќерки и на меѓународниот јазик есперанто. лево|мини| Софија Полгар со нејзината сестра Јудит во 1988 година На Светското првенство под 14 години завршила на второто место зад Жоел Лотје и била прогласена за светски шампион под 14 години.San Juan 1986 - 2° World Championship u14 (boys/girls) BrasilBase
Во 1989 година, на 14-годишна возраст, го шокирала шаховскиот свет на нејзиниот настап на турнирот во Рим, кој станал познат како „Грабеж на Рим“. Таа победила на турнирот, на кој учествувале неколку силни велемајстори, со резултат од 8½ од 9. Нејзиниот рејтинг според Њу ин чес (New in Chess) бил 2879, еден од најсилните настапи во историјата.
На Светското јуниорско првенство во 1994 година во Матињос, Бразил, Полгар завршила на второто место зад Хелги Гретарсон Matinhos 1994 - 33° Campeonato Mundial Juvenil BrasilBase
На 7 февруари 1999 година Полгар се омажила за израелскиот велемајстор д-р Јона Кошашвили и се преселила во Израел. Тие имаат две деца, Алон и Јоав. Родителите на Полгар подоцна им се придружиле во Израел. Целото семејство потоа емигрирало во Торонто, Онтарио, Канада, но околу 2012 година Полгар се вратила во Израел и се населила во Тел Авив.Според нејзината страна на Фејсбук.
Своевремено, Полгар се рангирала како шести најсилен женски играч во светот. Таа одиграла една ФИДЕ-рејтинг игра во јули 2005 година. Пред тоа, нејзината последна игра со ФИДЕ била во септември 2003 година. Во еден момент го победила Виктор Корчној во партија брз шах. Корчној рекол дека „ова е првата и последната игра што ќе ја добие против него“.https://www.youtube.com/watch?v=TxeiGipoFSE Video of Sofia Polgar defeating Victor Korchnoi
Белешки
Надворешни врски Официјално мрежно место Софија Полгар игри на 365Chess.com Профил на играч и игри на
Категорија:Родени во 1974 година Категорија:Унгарски Евреи Категорија:Израелски Евреи Категорија:Еврејски шахисти Категорија:Живи луѓе