Ташко Ширилов ( во — во ) — македонски раскажувач, романописец, книжевен критичар, поет и преведувач од француски јазик.
Животопис
Ташко Ширилов е роден на 20 август 1938 година во леринското село Горничево, Егејска Македонија. Тој се доселил во НР Македонија како дете бегалец од Грчката граѓанска војна (1946–1949). Завршил Филолошки факултет (француски јазик и книжевност) во Скопје.
Работел како новинар во весникот „Вечер“, а потоа и во Друштвото на литературни преведувачи на Македонија, каде го издавал списанието „Огледало“, познато како списание на бескомпромисни критики кон некои современи македонски автори.
Бил претседател на Сојузот на книжевните преведувачи на Југославија.
Со Паскал Гилевски, тој го покренал и го издавал независниот весник „За македонцките работи“ (1971–72).
Од француски на македонски преведувал дела од Виктор Иго, Стендал, Александар Дима, Мопасан, Жил Верн, Сен-Џон Перс и други.
Творештво Икар, поезија, 1976; Тимотеј и Лидија, роман, Зумпрес, 1999; Фразеолошки речник на македонскиот јазик, том први, Ск., 2003 (во соавторство со Тодор Димитровски);
Наводи
Категорија:Македонски поети Категорија:Македонски преведувачи Категорија:Македонски книжевни критичари Категорија:Македонски раскажувачи Категорија:Македонски новинари Категорија:Македонски публицисти Категорија:Југословенски поети Категорија:Југословенски новинари Категорија:Југословенски публицисти Категорија:Деца бегалци Категорија:Апсолвенти на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“