Свети Атанасиј — црква во селото Никодин. Сместена е на самото сретсело.

Историја Црквата била изградена во 1935 година врз темели на постара црква, а била живописана во 1943 година.„Црква „Св. Атанасиј“, село Никодин “. OldPrilep. 10 декември 2011.

Архитектура Градбата на црквата претставува полукружно засводен еднокорабен храм со полукружна апсида на источната страна која содржи четири слепи ниши. Поделена е на два дела, од кои западниот е понизок и во него е сместен влезниот простор, додека источниот е повисок и во него е сместен главниот молитвен простор. Главниот влез е сместен на западната страна и води кон претсобјето, а црквата има и спореден влез на јужната страна кој води директно до моливениот простор. Над обата влеза има ниша со фреска на кој е претставен Атанасиј Александриски. Влезниот простор содржи неколку отвори од надворешната страна по западниот и јужниот ѕид, како и два правоаголни прозорци покриени со решетки на јужната страна. Главниот дел содржи три монофори на јужната и две на северната страна.

Дворот на црквата е ограден со камена ограда со две порти. Оградата од обете страни е варосана во бела боја. Од нејзината внатрешна страна, спроти западната страна на црквата има три ниши со фрески на Света Петка, Богородица со Исус и Исус. Во дворот на црквата се сместени камбанаријата и помошен објект. Камбанаријата се наоѓа во северозападниот агол од дворот. Таа има квадратна основа и се издига над оградата. Нејзиниот долен дел е варосан во бела боја, додека горниот дел е отворен од сите страни.

Галерија

Поврзано Никодин Преспанско-пелагониска епархија Прилепско архијерејско намесништво Плетварско-беловодичка парохија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Никодин Никодин