Рождество на Пресвета Богородица — главна манастирска црква на Никодинскиот манастир.
Историја Камен-темелник за изградба на црквата бил поставен од страна на митрополитот на Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар на 25 ноември 1987 година, а истата била осветена од негова страна на 17 октомври 2010 година во присуство на бројно свештенство од Прилепското архијерејско намесништво и верници.„Манастир „Раѓање на Пресвета Богородица“, село Никодин “. OldPrilep. 28 февруари 2017.
Архитектура Градбата на црквата претставува крстокуполен храм со полукружна апсида на источната страна. Куполата е осумаголна и на секоја втора страна има по една монофора, а на останатите страни по една слепа ниша. Главниот влез е сместен на западната страна и над него има плоча со натпис на името на црквата, а над плочата има ниша со фреска на која е прикажано рождеството на Богородица Марија. Спореден влез има и на јужната страна, кој се наоѓа веднаш по полукружното крило. На јужниот и северниот ѕид има неколку монофори. Објектот во целост е обоен во бела боја и е покриен со кров од ќерамиди, додека куполата е покриена со лимен кров.
Галерија
Поврзано Никодински манастир Црква „Св. Троица“ Преспанско-пелагониска епархија Прилепско архијерејско намесништво Плетварско-беловодичка парохија Никодин
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Никодински манастир Категорија:Никодин Никодин