Свети Ѓорѓи — параклис во близина на селото Беловодица. Сместен е непосредно покрај магистралниот пат Прилеп-Градско, на местото каде што се исклучува патот кој води кон селото.„Параклис „Свети Георгиј“, село Беловодица“. OldPrilep. 2 октомври 2016.
Историја Параклисот бил изграден по иницијатива на семејството Гулески од Прилеп, што е наведено во посветата насликана на еден од внатрешните ѕидови. Тој бил осветен на 9 декември 1999 година од страна на протереј-ставрофорот Петре Ристески со благослов на Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар.
Архитектура Параклисот има правоаголна основа, изграден е од камени тули и е покриен со кров од ќерамиди. Внатрешноста е живописана, а меѓу фреските се издвојуваат оние на Исус, Свети Ѓорѓи, Богородица со Исус и Света Петка.
Галерија
Поврзано Црква „Св. Ѓорѓи“ Преспанско-пелагониска епархија Прилепско архијерејско намесништво Плетварско-беловодичка парохија Беловодица
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Беловодица Беловодица