Вториот триумвират (шпански: Segundo Triunvirato) било владино тело на Обединетите покраини на Рио де ла Плата, денес позната како Аргентина. Ова владино тело е наследник на Првиот триумвират од 1812 година, кратко време после Мајската револуција.

Историја Вториот триумвират е резултат на револуцијата од 8 октомври 1812 година, кога генералите Хосе де Сан Мартин и Карлос Марија де Алвеар ги здружиле силите со поранешните поддржувачи на Маријано Морено и го распуштиле Првиот триумвират. Кога членовите на Првиот триумвират биле сменети, Кабилдо назначил нови. Николас Родригес Пења бил назначен со 172 гласа наспроти 12, Антонио Алварез Хонте со 147 наспроти 35 и Хуан Хосе Пасо со 96 наспроти 87. Новиот триумвират го повикал Собранието од 13 година, настан кој Првиот триумвират одбил да го организира.Galasso, pp. 87-88 Триумвиратот започнал со работа на 8 октомври 1812 година.

Главните дејствија на Триумвиратот биле: Основање на комисија на 4 декември 1812 за создавање на уставот на Аргентина Свикување на Собранието од 13 година на 31 јануари 1813. Повлекување на создавањето на покраината Кујо 14 ноември 1813.

На Собранието од 13 година се одлучило Триумвиратот да се замени со функција бавувана од 1 човек, Врховен директор на Обединетите покраини на Рио де ла Плата. Така Триумвиратот завршил со функционирање на 22 јануари 1814 година и Хервасио Антонио де Посадас станал првиот Врховен директор на новата држава (денес оваа функција е позната како „претседател на Аргентина“).

Членови Првични членови на Триумвиратот

Наводи

Литература

Поврзано Обединети покраини на Рио де ла Плата Аргентина Прв триумвират на Аргентина

Категорија:Историја на Аргентина Категорија:Аргентинска војна за независност