Блокаторите на калциумовите канали се лекови кои го попречуваат движењето на калциумот () низ калциумовите канали. Блокаторите на калциумовите канали се користат како антихипертензивни лекови, т.е., лекови кои го намалуваат крвниот притисок кај пациенти со хипертензија. Тие се особено ефикасни при ригидност на големите крвни садови, една од најчестите причини за покачен систолен крвен притисок кај постари пациенти. Блокаторите на калциумовите канали често се користат за третман на аритмија, во превенција на церебрален вазоспазам, и за ублажување на градна болка предизвикана од ангина пекторис.
Примери Во оваа класа на лекови спаѓаат: амлодипин нифедипин лерканидипин верапамил дилтиазем
Историја Блокаторите на калциумовите канали за прв пат биле идентификувани во лабораторијата на германскиот фармаколог Албрехт Флекенштајн во 1964 година.
Наводи
Категорија:Лекови