Ѓула Животски (, – , ) – поранешен унгарски фрлач на кладиво. Тој освоил златен медал на Олимписките игри во 1968 година, сребрено одличје во 1960 и 1964 година, а завршил петти во 1972 година. Ѓула Животски поставил два светски рекорди: еден во 1965, а другиот на Олимписките игри во 1968 година.Gyula Zsivótzky Спортски наводи Двапати бил избран за унгарски спортист на годината: во 1965 година, по освојувањето на златниот медал на Летната универзијада во Будимпешта, а во 1968 година, за неговиот олимписки златен медал.

Ѓула Животски од натпреварувањата се повлекол во 1973 година, а подоцна работел во индустријата за облека. Во атлетиката останал вклучен како администратор, станувајќи член на Унгарскиот олимписки комитет и потпретседател на неговиот атлетски клуб Ујпешти ТЕ. Се оженил со Магдолна Комка, олимписки скокач. Еден од неговите синови е десетобоец Атила Животски, а другиот е фудбалер Ѓула Животски Јуниор.

Животски починал од рак во родната Будимпешта, на возраст од 70 години.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Унгарски спортисти