Ботевград () — град во Софиска Област, Бугарија со 20.564 жители.Таблица на адресно регистрираните по постоянен и по настоящ адрес лица oт дата 15.06.2022 г. Се наоѓа во западниот дел на земјата. Градот е сместен во подножјето на Балканот. Тој е административен центар на истоимената оштина. Денешното име го добил според револуционерот Христо Ботев, во Бугарија почитуван како еден од најголемите револуционери во историјата на бугарскиот народ.

Име Селото се викало Самунџиево сè до неговото прогласување за град кон крајот на 1865 година, кога го добило името Орхание (османлиски турски: اورخانيه). На 1 декември 1934 година, градот бил преименуван во Ботевград, по Христо Ботев.

Географија Се наоѓа на 60 километри од главниот град Софија, северно од Стара Планина, во правец на Варна или Русе.

Наводи

Категорија:Населени места во областа Софија