Автобуска несреќа кај Ласкарци — автобуска несреќа која се случила на 13 февруари 2019 година околу 17 часот во атарот на селото Ласкарци, скопско, во која загинале 16 лица. Автобусот на компанијата „Дурмо турс“ сообраќал на релација Скопје-Гостивар, со 51 патник, сите од Гостивар. Автобусот излетал од автопатот Тетово-Скопје и паднал во провалија откако ја пробил заштитната ограда на автопатот.Автобус со 50 патници излетал во провалија на патот Скопје - Тетово На местото веднаш претрчале мештани од Ласкарци и околината.Сведоштва за несреќата: Молеа за помош, но не можевме сите да ги спасиме За спасувањето биле мобилизирани сите комбиња на брзата помош од „Здравствен дом - Скопје“ и од приватните болници „Невромедика“ и „Систина“. Несреќата допрела до целата македонска јавност. На социјалните мрежи се појавило неформално движење под мотото „Сите се возиме во ист автобус“, изразувајќи сочувство за несреќата и преку истото граѓани самоиницијативно на блиските на учесниците во несреќата им понудиле сместувања, храна.МВР го истражува говорот на омраза на социјалните мрежи Министерот за внатрешни работи Спасовски два дена по несреќата изјавил дека МВР дотогаш има покренато пет постапки за говор на омраза поврзани со несреќата.Спасовски: Покренати пет постапки за говор на омраза Владата ги прогласила за ден на жалост 14 и 15 февруари. На 14 февруари пак во Гостивар се оддржала комеморативна седница за загинатите во автобуската несреќа, на која присуствувале претседателот Ѓорѓе Иванов и премиерот Зоран Заев,Во Гостивар комеморација за загинатите - присуствуваат претседателот Иванов и премиерот Заев и исто така била прогласена тридневна жалост на ниво на општината.
Реакции Бојко Борисов — „Со болка ја слушнав веста дека на патот Скопје - Тетово животот го загубија 14 лица. Им изразувам жалење на најблиските на загинатите и посакувам брзо заздравување на повредените“. Со едноминутен молк започнала седницата на косовската влада. Павло Климкин — „Украина упатува искрено сочувство до семејствата на погинатите и им посакува поброзо оздравување на повредените во трагичната сообраќајна несреќа близу с. Ласкарци во Република Северна Македонија. Во овие тешки времиња Украинците се заедно со пријателскиот македонски народ“. Томас Герберих — „Длабоко ме погоди веста за тешката автобуска несреќа на автопатот Скопје-Тетово што се случи вчера вечер. Ви изразувам најдлабоко сочувство и од името на германската Амбасада. Нашето длабоко сочувство го упатувам особено до семејствата на жртвите“. Милорад Додиќ — „Сите нас во БиХ длабоко не потресе тажната вест за оваа страшна несреќа и загинувањето на голем број граѓани. Ве замолувам на семејствата на настраданите да им ги пренесете изразите на сочувство, а на повредените граѓани им посакувам искрени желби за што поскоро опоравување“.Сочувство од Додик до Иванов за трагедијата кај Ласкарци
Наводи
Категорија:Сообраќајни несреќи во Македонија Категорија:Македонија во 2019 година