На 20 ноември 1993 г. на Тројани се срушил авион од типот Јак-42Д на „Авиоимпекс“, кој се враќал за Скопје од Женева, но бил пренасочен кон Охрид поради лошите временски услови на скопскиот аеродром. Сите осум членови на екипажот и 115 од 116-те патници загинале. Единствениот преживеан патник им подлегнал на повредите неколку дена подоцна во охридската болница.

Категорија:Воздухопловни несреќи во Македонија Категорија:Македонија во 1993 година Категорија:Историја на Охрид