Зоја Ивановна Парфјонова (; 21 јуни 1920 – 7 април 1993) беше постар поручник и заменик командант на ескадрила на 46тата Таманска Гарда на ноќен бомбашки воздухопловен полк во Втората светска војна. По извршување 815 мисии за време на војната, прогласена е за Херој на Советскиот Сојуз на 18 август 1945 година, што ја прави единствената жена од Чувашија со таа титула.

Ран живот Парфјонова е родена на 21 јуни 1920 во руско селско семејство во Руската СФСР. Завршува курс за медицинска сестра пред да се запише во локалниот клуб за летање, по што станува инструктор за лет.

Воена кариера Парфјонова ѝ се придружува на Советската армија во 1941, кратко по германската инвазија на Советскиот Сојуз. Во почетокот на 1942 година, ја завршува обуката на военото воздухопловно училиште Енгелс и е испратена на Источниот фронт во мај, каде се бори како дел од полкот на Јужниот, Кавкаскиот, Белорускиот и Полскиот фронт. Станува член на Комунистичката Партија на Советскиот Сојуз во 1943.

На 29 јануари 1945 година, за време на извршувањето на мисија со доставување на муниција за советските копнени трупи, нејзиниот авион По-2 е нападнат од противвоздухопловен оган и гранати. При тоа трупот на авионот е раскинат, а шрапнел влегува во пилотската кабина, сериозно повредувајќи ѝ го колкот на Зоја и предизвикувајќи голема загуба на крв. И покрај тоа што се здобива со вакви повреди, но и намалената видливост придружена со обилни снежни врнежи, значително намалена способност за маневрирање на леталото поради штетата од нападот, Перфјонова сепак успева да слета безбедно, по што веднаш губи свест. Добива медицинска нега по инцидентот, а исто така ги информира војниците за позицијата на противвоздухопловната артилерија на силите на Оската.

Како пилот во полкот извршува 739 мисии до февруари 1945 и 815 мисии до крајот на војната, уништувајќи ги магацините за муниција на силите на Оската, пешадиски баталјони, опрема, но воедно испушта околу 500 000 летоци и принудува пет артилериски батерии да се повлечат.

На 18 август 1945 година е прогласена за Херој на Советскиот Сојуз за "примерно исполнување на командите во мисиите и демонстрација на храброст и херојство во борбата против германските фашистички окупатори".

Цивилен живот По крајот на Втората светска војна, Парфјонова ја напушта активната служба и се приклучува кон резервистите. Станува член на Советскиот Комитет на воени ветерани. Има две ќерки и работи во градот Ризан како менаџер на кино до 1979. Се преселува во Москва во 1991. Умира на 7 април 1993 година и е закопана на Централните Шербински гробишта.

Награди и почести Херој на Советскиот Сојуз (18 август 1945) Орден на Ленин (18 август 1945) Два Ордени на Црвеното знаме (9 септември 1942 и 15 јуни 1945) Два Ордени на Патриотската војна, прва класа (26 април 1944 и 11 март 1985) Орден на Црвеното знаме (30 ноември 1942) campaign and jubilee medals

Поврзано

Список на жени Херои на Советскиот Сојуз "Ноќни вештерки" Марина Раскова Поликарпов По-2

Наводи

Категорија:Родени во 1920 година Категорија:Починати во 1993 година Категорија:Херои на Советскиот Сојуз Категорија:Советски бомбери пилоти од Втората светска војна Категорија:Жени пилоти Категорија:Русинки пилоти Категорија:Носители на Орденот на Ленин Категорија:Носители на Орденот на Црвеното знаме Категорија:Добитници на Орденот на Патриотската војна, прва класа Категорија:Членови на Комунистичката Партија на Советскиот Сојуз Категорија:Русинки во Втората светска војна Категорија:Носители на Орденот на Црвената ѕвезда Категорија:Починати во Москва Категорија:Носители на Орденот на Татковинската војна од I степен