Тажачка за Игнасио Санчес Мехијас (шпански: Llanto por Ignacio Sánchez Mejías) — збирка песни на шпанскиот поет Федерико Гарсија Лорка од 1935 година.
Содржина Централно место во збирката има истоимената поема, посветена на смртта на познатиот тореадор. Поемата се состои од четири дела:Федерико Гарсија Лорка, Неверна жена. Скопје: Македонска книга, Култура, Мисла, Наша книга, 1982, стр. 131-141.Федерико Гарсија Лорка, Песме. Рад, Београд, 1970, стр. 118-126. „Рана и смрт“ (шпански: La cogida y la muerte) „Пролеана крв“ (La sangre derramada) „Присутно тело“ (Cuerpo presente) „Отсутна душа“ (Alma ausente)
Осврт кон делото Со „Тажачката за Игнасио Санчес Мехијас“ се заокружува поезијата на Лорка инспирирана од типично шпанските теми. Оваа збирка е поттикната од вистински настан - смртта на познатиот шпански тореадор, адвокатот Игнасио Санчес Мехијас, голем пријател на Лорка. Во изразено функционалната структура на четирите песни од „Тажачката“ пластично и сликовито се открива атмосферата на арената во која се одвива танцот на смртта. Притоа, преку емоционалниот набој проследен со бројните, повеќеслојни асоцијации за животот и смртта, оваа поема се крева од битовиот и натуралистички мотив кон сферата на слоевито, философско и интелектуално кажување.Матеја Матевски, „Федерико Гарсија Лорка 1898 - 1936“, во: Федерико Гарсија Лорка, Неверна жена. Скопје: Македонска книга, Култура, Мисла, Наша книга, 1982, стр. 160-161.
Поемата е кондензација на најблагородната човекова болка и на љубовта кон загубениот пријател. Мехијас не само што бил најдобриот шпански тореадор на своето време, туку и личен пријател на Лорка и на напредните шпански уметници во 1930-тите. Како многу културен човек со висока интелигенција, тој бил омилен во напредните кругови во Шпанија, така што неговата смрт во август 1935 година болно одекнала низ целата земја. Таа општонародна болка го пронашла својот уметнички израз во поемата на Лорка која се смета за врв на неговото поетско творештво. Во првиот дел, поетот го истакнува трагичниот миг на смртта на Мехијас со фаталистичкото повторување на часот, „Во пет попладне“; централното место во вториот дел отпаѓа на рефренот „Не сакам да ја видам“, мислејќи на крвта на тореадорот; во третиот дел се опишани смртта и распаѓањето на телото на Мехијас; а во четвртиот дел преовладува трагичната констатација на минливоста, ироничната и тажната констатација дека Игнасио „ е мртов засекогаш како сите мртви на земјата, сите мртви што се заборавени со купот пцовисани пси.“ Поемата е напишана во темни, молски тонови, а боите не се блескави и силни како во раните песни на Лорка, туку тешки и темни. Некои критичари сметаат дека со оваа песна Лорка ја предвидел и ја опеал својата смрт.Танасије Младеновић, „Ф. Г. Лорка“ (1899—1936)“, во: Федерико Гарсија Лорка, Песме. Рад, Београд, 1970, стр. 11-13.
Наводи
Категорија:Дела на Федерико Гарсија Лорка Категорија:Книги од 1935 година Категорија:Шпанска поезија