Турчија — археолошко наоѓалиште во прилепското село Бешиште. Претставува некропола од римско време.
Местоположба
Наоѓалиштето се наоѓа во непосредна близина на селото, од неговата југоисточна страна, каде има мала височинка.
Опис
На површината на наоѓалиштето се гледаат гробни конструкции од плочи поставени вертикално или како покриви. Насоченоста на гробовите е запад-исток, со помали или поголеми отстапувања кон север и југ. Некрополата се следи до самите куќи од современата селска населба.
Поврзано Горни Лозја — населба од римско време; Огради — населба од средниот век; Врља Грамада — населба од праисториско време; Гробишта — некропола од непознат период; Бешиште; и Список на археолошки наоѓалишта во Прилепско.
Наводи
Категорија:Бешиште