Презиме – семејно име што се наследува, обично, по машка линија или што се добива (по избор) при стапување во брак. Презимето е дел од личното име на граѓанинот и може да содржи повеќе зборови.Закон за личното име на семрежната страница на МВР
Правопис Презимето како и името според Правописот на македонскиот јазик се пишува со голема буква.
Прекарите кон презимињата се пишуваат со цртичка (на пр. Петар Стојковски-Бабец), како што се пишува и презимето на сопругот додадено на моминското презиме при стапување во брак (на пр. Тодорка Кондова-Зафировска) .
Во македонскиот јазик како и во некои други словенски јазици, како и во литванскиот и летонскиот, женските презимиња по правило се разликуваат по форма од машките заради морфолошките одлики на јазикот. На пример, синот од семејството Петровски вообичаено го добива презимето Петровски, а ќерката Петровска.
Најчести презимиња во Македонија Најчестите презимиња во Македонија се: Стојановски, Николовски, Јовановски, Петровски и Ивановски.
Наводи
Категорија:Семејство
Категорија:Генеалогија