Црква „Св. Ана“ — главна манастирска црква на Маловишкиот манастир во битолското село Маловиште, Македонија.
Местоположба
Црквата се наоѓа над селото, на 2 километри оддалеченост на источната падина. До црквата води планинарска патека, која започнува од селото.
Градбата е сместена на надморска височина од 1.410 метри во висока букова шума.
Историја
Црквата се смета за најстара од црковните храмови во селото Маловиште. Таа била обновена во 1923 година, иако според други извори се вели дека е подигната во 1936 година. Постојат сведоштва дека манастирот постои од средината на XVIII век.
Архитектура Икони и иконостас
Црквата поседува богат иконостас.
Галерија
Поврзано Ресенско архијерејско намесништво Прва ресенска парохија Маловиште
Наводи
Надворешни врски
Маловиште