Воведение на Пресвета Богородица (нарекувана и Пречиста) — гробишна црква во битолското село Буково, Македонија.

Местоположба

Црквата е сместена во југоисточниот дел на селото на една мала височинка, од каде има прекрасен панорамски поглед на селото.

Во нејзиниот двор се наоѓаат и селските гробишта, кои биле користени од мештаните од горниот дел на селото.

Историја

Според натписот над влезот во црквата може да се заклучи дека била подигната во 1927 година како спомен-капела за загинатите во војните 1914-1918.

Архитектура

Според натпис на камбанаријата, истата била подигната од мештанин во селото во 1934 година.

Галерија

Поврзано Преспанско-пелагониска епархија Битолско архијерејско намесништво Буковска парохија

Наводи

Надворешни врски

Буково