Одржлив развој е збир на методи за да се создава и одржи развој кој цели да ја отстрани сиромаштијата, создава изедначени стандарди за живеење, задоволување на основните потреби на сите луѓе и да воспостават одржливи политички практики, истовремено преземајќи ги сите неопходни мерки да се избегнат неповратните штети на природниот капитал долгорочно за краткорочни придобивки преку усогласување на развојните проекти со обновливата способност на природната средина.Carter, Neil. The Politics of the Environment. Cambridge: Cambridge University Press, 2001. Полето на одржливиот развој може да се подели концептуално во четири дела: амбиентална одржливост (одржливост на животната средина), економска одржливост, социјална одржливост и политичка одржливост.
Дефиниција 200px|right Светската комисија за животна средина и развој го дефинира одржливиот развој како развој што ги задоволува потребите на сегашните генерации, без да ги ограничи потенцијалните потреби на идните генерации. Притоа, развојот треба да биде одржлив од економска, еколошка и социјална гледна точка. Според Светскиот извештај за човековиот развој од 1992 година, минималните услови за да се обезбеди одржлив развој се: елиминирање на сиромаштијата, намалување на растот на населението, порамномерна распределба на ресурсите, поздрави, пообразовани и пообучени луѓе, поголема децентрализација на јавната управа, полиберален трговски систем меѓу државите и подобро разбирање и решавање на еколошките проблеми. Според Хартвик, основниот економски услов за одржлив развој е неопаѓачка (константна) потрошувачка со текот на времето, а според Роберт Солоу, тоа бара одржување на константно количество на вкупниот капитал во економијата.Димитар Ефтимоски, Економија на развојот. Скопје: Универзитет „Св. Кирил Методиј“, Економски институт, 2003, стр. 333-337.
Амбиентална одржливост
<table border=1 align=center cellspacing="0" cellpadding="3"> Искористливост на одржливите ресурси Состојба на амбиентот (животната средина) Одржливост Повеќе од способноста на природата да створи Амбиентална деградација Без одржливост Еднакво на способноста на природата да створи Амбиентален еквилибриум Балансирана одржливост </tr> Помалку од способноста на природата да створи Амбиентално обновување Одржлив развој </tr> </table>
Пример на развојни проекти Ecological System Designs for the Indigenous Community of Maruata, Michoacan, Mexico Mount Everest Foundation
Поврзано Одржливост Цели за одржлив развој
Наводи
Надворешни врски Национална стратегија за одржлив развој (2009-2030) Сектор за одржлив развој и инвестиции - Министерство за животна средина и просторно планирање Одржлив развој, Државен завод за статистика Маргарита М. Матлиевска, „Одржлив развој: нова глобална парадигма“, Скопје, 2011.
Категорија:Стопанство Категорија:Екологија Категорија:Еколошко образование