Евреите биле присутни во Грција уште од 4 век п.н.е. Најстарата и најкарактеристична еврејска група што ја населила Грција се Романиотите, исто така познати како „грчки Евреи“. Сепак, терминот „грчки Евреи“ претежно се користи за секое лице од еврејско потекло или вера што живее или потекнува од современиот регион на Грција.
Настрана од Романиотите, посебно еврејско население кое историски живеело во заедници низ цела Грција и во соседните области со големо грчко население, Грција имала голема популација на еврејски Сефарди и земјата била историски центар на сефардскиот живот, главно во градот Солун, Македонија, кој бил познат како „Мајка на Израел“Samuel Usque, The Foundation for the Advancement of Sephardic Studies and Culture, p. 1. Грчките Евреи одиграле важна улога во раниот развој на христијанството и биле извор на образование и трговија за Византија и во текот на периодот на Отоманска Грција, додека не пострадале од катастрофата во Холокаустот откако Грција била освоена и окупирана од Силите на Оската, и покрај напорите на Грците да ги заштитатThe Foundation for the Advancement of Sephardic Studies and Culture, p.2Zakynthos: The Holocaust in Greece , United States Holocaust Memorial Museum, URL accessed May 25, 2014.. По завршувањето на холокаустот, голем процент од преживеаните заедници емигрирале во Израел или во САД.
Еврејската заедница во Грција изнесува околу 8.000 луѓе, концентрирани главно во Атина, Солун, Лариса, Волос, Халкис, Јанина, Кавала и Родос. Грчките Евреи денес во голема мера „живеат рамо до рамо во хармонија“ со христијанските ГрциCurrent Activities of the Jewish Museum of Greece , The Central Board of Jewish Communities in Greece. URL accessed April 15, 2006., продолжувајќи да соработуваат со другите Грци и Еврее ширум светот борејќи се против секаков пораст на антисемитизмот во Грција. Еврејската заедница на Грција вложува големи напори за основање на музеј за Холокауст во земјата. Делегација и претседателот на еврејската заедница на Грција се состанале во ноември 2016 година со грчки политичари и побарале поддршка за нивното барање да се вратат архивите на заедницата на Еврејската заедница во Солун од Москва.
Еврејски култури во Грција
Повеќето Евреи во Грција се Сефарди, но Грција е исто така дом на уникатната култура на Романиотите.Покрај овие, постојат и некои северно-италијански, сицилијански, апулиски заедници во Солун и на други места. Сите овие заедници немале само сопствени обичаи (minhag), туку исто така имаат и свои сидури печатени за собранијата во Грција. Големиот избор на еврејски обичаи во Грција бил уникатен"Chronika" Vol. 57, Periodical of the Central Board of Jewish Communities in Greece, Athens March 1983, transl. from Goldschmidt, D. In "Sefunot" Vol. 13, Jerusalem, Ben Zvi Institute 1971-1978.
Романиоти
Романиотските Евреи живееле на територијата на денешна Грција повеќе од 2000 години.Нивниот историски јазик бил еврејскиот, дијалект на грчки јазик, но на еванички јазик денес нема зачувано каков било документ.Денешните грчки Романиоти зборуваат грчки јазик.Големи заедници на Романиотите се наоѓале во Јанина, Теба, Халкис, Крф, Арта, Коринт и на островите Лезбос, Хиос, Самос, Родос и Кипар.Романиотите историски се разликуваат од Сефардите, од кои некои се населиле во Грција по протерувањето на Евреите од Шпанија во 1492 година. Сите освен мал број на Романиоти од Јанина биле убиени во Холокаустот. Јанина денес има 35 жители РоманиотиThe Holocaust in Greece: Ioannina. URL accessed April 15, 2006. .
Сефарди Мнозинството Евреи во Грција се Сефарди чии предци ја напуштиле Шпанија, Португалија и Италија.Тие во голема мера се населиле во градовите како Солун. Традиционалниот јазик на грчките Сефарди бил ладино, и до Холокаустот, заедницата „била единствена мешавина на влијанија од отомански, балкански и шпански влијанијаGlenny, p.512“ познати по нивното ниво на образование. Фондацијата за унапредување на сефардските студии и култура ја нарекува сефардската заедница во Солун „неоспорно едно од најважните во светот“.
Историја на јудаизмот во Грција
Првото забележано споменување на јудаизмот во Грција датира од 300-250 пр.н.е.на островот Родос. Во 2 век пр.н.е., Хиркан, водач во еврејската заедница во Атина, бил почестен со подигнување на статуа во агораThe Foundation for the Advancement of Sephardic Studies and Culture, p. 3.
Според Едмунд, Ганимед бил семит, и неговите браќа Ил и Асарак не се сомневале во тоа. Според Јосиф Флавиј (Contra Apionem, 176-183), најраното спомнувањето на хеленизиран Евреин од еден грчки писател, требало да се најде во делото „Де Сомно“ од грчкиот историчар Клеарх од Соли. Овде Клеарх ја опишува средбата меѓу Аристотел (кој живеел во 4 век пр.н.е.) и еден евреин во Мала Азија, кој зборувал грчки јазик:
Археолозите откриле антички синагоги во Грција, вклучувајќи ја и Синагогата во Агора во Атина и онаа во Делос, која датира од 2 век пр.н.е.
Грчките Евреи играле важна улога во грчката историја, од раната историја на христијанството, преку Византија и од Отоманска Грција, сè до трагичното уништување на заедницата откако Грција била окупирена од Нацистичка Германија во Втората светска војна. Хеленистички период Македонското Царство под Александар Велики го освоило поранешното Јудејско Кралство во 332 п.н.е., поразувајќи ја Персија.По смртта на Александар, додека наследниците на Александар се бореле за контрола над персиските територии, регионот бил контролиран од династијата на Птолемеј, а областа сè повеќе станувала хеленистичка. Евреите од Александрија создале „уникатен спој на грчката и еврејската култура“, додека Евреите во Ерусалим биле поделени меѓу конзервативни и проелински фракции. Заедно со влијанието на оваа хеленистичкото влијание врз Евреите, Карен Армстронг тврди дека турбуленцијата на периодот помеѓу смртта на Александар и II век пр.н.е.довела до оживување на еврејскиот месијанизам, што подоцна инспирирало револуционерно расположение кога Ерусалим станал дел од Римското Царство.
Римска Грција
Хеленистичка Грција била ставена во составот на Римското Царство во 146 п.н.е. Евреите што живееле во Римска Грција имале поинакво искуство од оние во провинцијата Јудеја.Новиот завет ги опишува грчките Евреи како посебна заедница од Евреите од Јудеја, а Евреите од Грција не учествувале во Првата јудејско-римска војна. На евреите од Солун, зборувајќи дијалект на грчки јазик, и живеејќи во хеленизирано општество, им се придружиле нова еврејска колонија во 1 век од н.е. Евреите од Солун „уживале широка автономија“ во римско време.
Првично гонител на раните еврејски христијани до неговото преобраќање на патот кон Дамаск, Павле од Тарс, самиот хеленизиран Евреин од Тарс, имал значајна улога во основањето на многу христијански цркви низ цело царство, вклучувајќи ја и Мала Азија и Грција. Второто мисионерско патување на Павле вклучило прозелитизам во синагогата во Солун додека не бил истеран од градот од страна на неговата еврејска заедница.
Византија По распаѓањето на Римското Царство, еврејската популација бргу се распространила на територијата на новото Источно Римско Царство познато како Византија.Нивната положба драстично се влошила во периодот кога христијанството било признаено за официјална религија во Византија од страна на Константин I Велики по укажениот Милански едикт.Голем дел од еврејското население било принудено да го прифати христијанството односно да се христијанизира.Во 351 година, евреите, револтирани од големите притисоци, организирале востание против гувернерот по име Гал во Галилеја.По задушувањето на револтот, голем број на градови во Галилеја биле уништени.Градовите Ципори и Лида никогаш не се обновиле повторно.
Во почетокот на 5 век, императорот Теодосиј I наложил збир на официјални декрети кои главно биле насочени против Евреите. На евреите не им било дозволено да имаат приватни робови, изградба на нови синагоги, да работат во јавна администрација и слично.Брак помеѓу Евреин и верник на друга религија не бил дозволен.Теодосиј, освен тоа, го укинал и Синедрионот. Во времето на императорот Јустинијан I, граѓанските права на евреите Cod., I., v. 12, како и религиозните привилегии уште толку биле намалениProcopius, Historia Arcana, 28. На евреите им било забрането да градат сингога|синагоги Nov., cxlvi., Feb. 8, 553, да го употребуваат хебрејскиот јазик. За непочитувањето на овие работи следувало или прогонство или одземање на имотот. Евреите во Бориум, кои се противиле на Велизар во неговиот поход против Вандалите, биле принудени да го прифатат христијанството и нивната синагога била претворена во црква.Procopius, De Aedificiis, vi. 2 Во целина, Евреите од Грција започнале да се посветуваат на зголемено внимание од раководството на Византија во Цариград.Некои византиски цареви сакале да го искористат богатството на Евреите од Грција и им наметнале посебни даноци, додека други се обиделе присилно да се преобратат во христијанство. Вториот притисок се соочил со мал успех, бидејќи бил отпорен од еврејската заедница и од грчките христијански синоди.
Сепак, Византија не била доволно силна да се справи со целосното христијаниззирање на евреите во Анадолија.G. Ostrogorsky, History of the Byzantine State Точната слика на статусот на евреите во Мала Азија за време на византиското владеење од страна на некои историчари се истражува до ден денес. Иако има некои докази за повремено непријателство од страна на византиското население и органи, сепак тие не се доволни.The Oxford History of Byzantium, C. Mango (Ed) (2002).
Првата населба на Ашкеназите во Грција била основана во 1376 година, најавувајќи ја ашкеназиската имиграција од Унгарија и Германија за да го избегне прогонот на Евреите во текот на 15 век.Еврејските имигранти од Франција и Венеција, исто така, пристигнале во Грција и создале нови еврејски заедници во Солун.
Франкократија
Четвртата крстоносна војна ја деградирала положбата на Евреите во новите земји на грчка земја, кои претходно биле делови на Византија. Евреите во тоа време биле економски моќни, иако мали, сочинувале заедница, одделно од христијаните, и се занимавале со позајмување на париTsougarakis, N. I. and Lock, P. A Companion to Latin Greece, pp. 128, 142 and a chapter about the Jews.2014.
Отоманска Грција
Грција била управувана од Османлиите од средината на XV век, до завршувањето на првата грчка војна за независност која завршила во 1832 година.Во овој период, центарот на еврејскиот живот на Балканот бил Солун. Сефардите од Солун биле ексклузивни кројачи за османлиските јаничари и уживале економски просперитет преку комерцијално тргување на Балканот.
По нивното протерување од Шпанија, меѓу петнаесет и дваесет илјади Сефарди се населиле во Солун. Според Еврејската виртуелна библиотека: „Грција станала рај на религиозна толеранција за Евреите кои бегаат од шпанската инквизиција и други прогони во Европа. Османлиите ги поздравија Евреите затоа што ја подобрија економијата. Евреите заземаа административни позиции и одиграа важна улога во интелектуалниот и комерцијален живот низ целата империја“, Jewish Virtual Library The Virtual History Tour of Greece.. Овие имигранти ја основале првата печатарска преса во градот, а градот станал познат како центар за трговија и учење.Прогонството на другите еврејски заедници го засилило еврејското население во градот, додека Евреите не биле мнозинско население во 1519 година.Отоманските Евреи биле обврзани да им платат посебни еврејски даноци на османлиските власти, како џизија, испенче, арач и рабински данок.
Во 1519, Евреите претставувале 56% од населението во Солун, а во 1613 година нивниот удел бил 68%Gilles Veinstein, Salonique 1850–1918, la "ville des Juifs" et le réveil des Balkans, pp. 42–45.