За римскиот пат со вакво име, погл. Вија Егнација.
Егнатија (, Егнатија Одос; ознака: А2) — автопат во Грција, дел од Европскиот пат Е90. Се протега во должина од 670 км, од Игуменица на запад до грчко-турската граница кај Бахчеќој (Кипи) на исток. Овој голем изградбен зафат започнал во 1994 и конечно завршил во 2009 г. со вкупна цена на чинење од 5,93 милијарди евра. Со проектот раководело претпријатието „Егнатија одос“ А.Д.
Име Автопатот, инаку познат како А2, е наречен по познатиот римски пат Вија Егнација (на грч. Егнатија Одос) поради приближнот освоаѓање на нивното движње во делницата од Марица до Солун во должина од 360 км. Сепак, стариот римски пат е многу подолг (1 120 км), протегајќи се од Драч во денешна Албанија преку Солун, па сè до Цариград во денешна Турција.
Географија Правецот минува преку планинските предели на Епир и Егејска Македонија како што се венците Пинд и Каракамен (Вермио), што претставувало голем предизвик за градителите. Автопатот има вкупно 76 тунели и 1 650 мостови, напреден систем за надзор, осветлување, сударни ублажувачи и тунелско проветрување.Main Road Furniture , Главна тунелска опрема
Автопатот ги има следниве одлики:
Опфат: од пристаништето Игуменица, Теспротија до граничниот премин Бахчеќој (Кипи) на реката Марица во Тракија Должина: 670 километри Минува низ окрузите: Теспротија – Јанина – Гребен – Кожани – Иматија – Солун – Кавала – Скеча – Родопи – Марица. Поврзан со девет главни оски кои ги поврзуваат соседните земји на север (Албанија, Р Македонија, Бугарија, Турција). Минува низ поважните градови: Игуменица – Јанина – Мечово – Гребен – Кожани – Бер – Солун – Кавала – Скеча – Ѓумурџина – Дедеагач Ги поврзува пристаништата: Игуменица – Солун – Кавала – Дедеагач Ги поврзува аеродромите: Јанина – Костур – Кожани – Солун – Кавала – Дедеагач Технички особености: по две сообраќајни ленти по правец, разделна лента по средината и принудна лента од десно. Опслужуваните подрачја ги опфаќаат: 36 % од населението во државата 33 % од БДП во државата Во основните дејности: 54 % од обработливотото и 65 % од наводнуваното земјиште во државата Во производните дејности: 41 % од индустриската дејност во државата 51 % од рударството во државата.
Покрај главниот правец, постојат и напречни патишта кои го поврзуваат со другите градови и аеродроми во Егејска Македонија. Иако е завршен во 2009 г., последниот зафат на правецот е направен во 2014 г. со изградбата на последниот мост.
Населени места Ова се сите населени места со свои излези на автопатот, наведени по возен редослед од исток кон запад:
ОкругИзлезНаселено местоОдредиштаСе совпаѓа соМарица(Еврос) Бахчеќој (Кипи) - ИпсалаD110 30п E90 за 25п|граничен премин кон Турција источен крај на А2 43 Саранли (Ардани) 30п ЕО51 30п E85 за , 30п E90 42 Дедеагач (Александруполи) — Индустриско подрачје 30п E90 41 Дедеагач (Александруполи) 30п E90 40 Макри 30п E90 39 Мести 30п ЕО2 за Шапчи (Сапес) и Мароња (Маронија) 30п E90Родопи 38 Ѓумурџина (Комотини) — Исток 30п ЕО2Коридор IX за 30п E90 37 Ѓумурџина (Комотини) — Запад 30п ЕО2 30п E90 36 Јасиќој (Јасмос) 30п E90Скеча(Ксанти) 35 Скеча (Ксанти) — Исток 30п ЕО2 30п E90 34 Скеча (Ксанти) — Запад 30п E90Кавала 33 Саришабан (Хрисуполи) 30п E90 32A Караџаќој (Перни) 30п E90 32 Чинар (Левки) 30п ЕО2 30п E90 31 Кавала — Исток 30п ЕО12 за Драма 30п E90 30 Стар Чифлик (Палио) 30п E90 29 Кавала — Запад 30п E90 28C Правишта (Елевтеруполи) 30п E90 28B Моштијан (Мустени) 30п E90 28A Дедебал – Орфан (Галипсос - Орфани) 30п E90Сер(Серес) 28 Струма (Стримонас) 30п ЕО2 30п ЕО59 за Сер (Серес), Драма 30п E90Солун(Тесалоники) 27 Аспровалта 30п E90 26 Рендина 30п E90 25A Чали (Нимфопетра) 30п E90 25 Клисели (Профитис) 30п ЕО2 30п E90 24 Лагадина (Лагадас) 30п A25 30п E79 за Сер (Серес), 30п E90 23B Дервент 30п E90 23A Старечки Дом (Гирокомио) кај Кучкар (Галини) 30п E90 23/K4 Лембет (Евкарпија) 30п A24 за Солун (Тесалоники), Нова Мудања (Неја Мудања) 30п E90 22/K2 Додулари (Дијавата) 30п ЕО2 30п E86 за Пазар/Ениџе Вардар (Јаница), Воден (Едеса) 30п E90 21/K1 Гаскарка (Калохори) 30п ЕО1β 30п E90 20 Текелиево (Синдос) — Југ 30п E90 20A Кулакија (Халастра) 30п E90 19 Вардар (Аксиос) 30п A1 30п E75 за 30п E90 18 Нов Малград (Неја Малгара) 30п E90 30п E75Иматија 17 Клиди 30п A1 30п E75 за Атина 30п E90 16 Гида (Александрија) 30п E90 15 Колура (Кулура) 30п E90 Меч (Меси) за Негуш (Науса), Вртикоп (Скидра) предвидено 14 Бер (Верија) 30п E90Кожани(Козани) 13 Хадова (Полимилос) 30п E90 12 Кожани (Козани) 30п A27 30п E65 за 30п ЕО3 30п E65 за Лариса 30п E90 11 Коба Оваси (Каламија) 30п ЕО20 30п E90 10 Сачишта (Сјатиста) — Исток 30п E90 9A Сачишта (Сјатиста) — Запад 30п A29 за 30п E90Гребен(Гревена) 9 Гребен (Гревена) — Исток 30п ЕО15 30п E90 8B Гребен (Гревена) — Запад 30п ЕО15 30п E90 8A Венетик (Венетикос) кај Мавран (Мавранеи) 30п E90 Кипурѓо (Кипурио) 30п A3 предвидено 8 Черешово (Аја Параскеви) 30п E90Јанина(Јоанина) 7 Мечово (Мецово) 30п ЕО6 30п E92 30п E90 6A Менгули (Перистери) – Хрисовица 30п E90 30п E92 6 Арахтос – Загори 30п E90 30п E92 5A Јанинско Езеро (Памвотида) 30п E90 30п E92 5 Јанина (Јоанина) 30п ЕО5 30п E951 30п E90 30п E92 4A Рапчишта (Педини) 30п A5 за Арта, Агринио 30п E90 30п E92 4 Црковишта (Додони) 30п ЕО17 30п E90 30п E92Теспротија 3 Сели – Тирија 30п E90 30п E92 2 Неохори – Парамитија 30п ЕО18 30п E90 30п E92 1A Клобучар (Василикос) 30п E90 30п E92 1 Игуменица – Ледежда (Ладохори) 30п E90 30п E92 Игуменица — Пристаниште 30п E90 30п E92 30п E55траект за Крф (Керкира), 25п|граничен премин кон Италија (поморски) западен крај на A2
Галерија
Поврзано Вија Егнација Автопатишта во Грција
Наводи
Надворешни врски
Матична страница на „Егнатија одос“ А.Д. Патот „Егнатија“ — Министерство за развој, планирање и јавни работи Набљудувачница на патот „Егнатија“
Категорија:Автопатишта во Грција Категорија:Патишта во Егејска Македонија Категорија:Географија на Епир Категорија:Западна Тракија Категорија:Северна Грција