лево|мини

Драколимни (, во превод Змејски Езера) – две планински езера со исто име на соседните планини Тимфи и Смолика, јужен Епир.

Пред 10-15 илјади години, заради повлекувањето на ледниците, во Европа се појавиле илјадници езера. Во денешна Грција околу 60 такви езера, од кои само триесетина се со површина поголема од . Топењето на снегот на Пинд продолжува до јули.

Тимфи Драколимни на Тимфи се наоѓа на надморска височина од 2.050 м, среде алпски ливади, северозападно од врвовите Плоскос (2377 м), североисточно од врвот Астрака (2436 м) и на запад-северозапд од врвот Камила (2497 м). Од манастирот Стомиу пешки се стигнува за 3,5 часа. Од колибата Астрака се наоѓа на 1 час пешки, а од селото Мало Папинго на 4 часа. Езерото е познато по алпските мрморци кои го населуваат. Површината му е околу 1 хектар, а длабочината 4,95 м.

Смолика Драколимни на Смолика се наоѓа на надморска височина од 2.150 м, западно од истоимениот врв Смолика (2637), највисок на втората по височина планина во Грција. Смолика се наоѓа на неколку километри северно од Тимфи. И ова езеро го населуваат алпските мрморци. Езерото има срцевиден облик, површината му е 3-4 декара, обиколката му е 375 стапки. Уште се нарекува Линга, а на влашки Дивирлинга.

700px|мини|центaр|Панорама

Име Името на езерата произлегуваат од локални фолклорни легенди, според кои во областа отсекогаш војувале змејови (дракони), користејќи притоа дрвја и камења кои создаваат посебен пејзаж на месноста. Во областа на езерото како и во соседното Мало Змејско Езеро, живее алпскиот тритон кого месното население го нарекува „змеј“ или „дракон“. Големото и Малото Езеро се разделени со дел од националниот парк Вик-Војуша.

Категорија:Езера во Грција Категорија:Географија на Епир