Горан Богдан (; р. во ) — хрватски театарски, филмски и телевизиски актер. Основно и средно образование стекнал во родниот град, потоа се запишал на Економскиот факултет во Загреб. Паралелно студирал и Сообраќаен факултет, на кој завршил три години од студиите. На Академијата за драмски уметности во Загреб се запишал во 2005 година, а дипломирал во 2012.

Животопис

Роден е на 2 октомври 1980 година во Широки Бриег. Неговиот татко Шимун бил професор на Машинскиот факултет во Мостар, а мајка му Мила, била професорка по математика во Средното машинско училиште во Широки Бриег.

Во Загреб ја започнал својата глумечка кариера играјќи во културниот центар Пешченица. Горан Богдан е еден од најбараните и најпопуларни хрватски театарски, телевизиски и филмски глумци. Остварува значајна кариера не само во Хрватска туку и во странство.Goran Bogdan/

Во 2010 година станал член на ансамблот на Загрепскиот театар за млади (Загребачко казалиште младих) остварувајќи поголем број истакнати улоги: Хамлет, Коко во Париз, Пат околу светот за 80 дена, Гуливеровите патувања и други. Има реализирано и повеќе телевизиски и филмски улоги, истакнувајќи се пред сè со улогите во филмовите Соња и бикот (2012), Некои други приказни, (2010), како и улогата во серијата - Сенките над Балканот.

Покрај кариерата во Хрватска, започнал да игра и во странство - во Франција и во Велика Британија.

Филмографија Телевизиски улоги

„Сенките над Балканот“, како Мустафа Голубиќ, (2017)TV and Film roles/. „Вери и звери“, како Сергеј Рудиќ, (2016) „На терапија“, како Јозо, (2013) „На гост кај Стипе“, како Борис, (2013) „Мајстори“, како Илија, (2013) „Битанги и принцези“, како Озрен,(2009) „Мамутица“, како Дарко, (2009) „Одмори се, си заслужил“, како Никола, (2008) „Гордоста на Раткиеви“, како стражар, (2008) „Луда куќа“, како Јозо, (2008) „Засекогаш соседи“, како Андреј, (2007 - 2008) „Цимер - фрај“, како Марко, (2007) „Операција Кајман“, како Иво Спанковиќ, (2007) „Обични луѓе“ како Небојша, (2007) „Забранета љубов“, како адвокатот Чуљак, (2005)

Филмски улоги „Сè најдобро (2016)“, како Мислав, (2016)Goran Bogdan - Filmografija/. „Името на вишната (2015)“, како Марко, (2015) „Такви се правилата“, како докторот, (2014) „Децата од улицата Маркс и Енгелс“, како Станко, (2014) „Број 55 (2014)“, како Томо, (2014) „Мајстори“, како Илија, (2013) „Соња и бикот", како Анте, (2012) „Ирис (2012)“, (2012) „Децата харакири (2010", (2010) „The Show Must Go On“, како војник, (2010) „Некои други приказни (2010)“ како Марин (2010) „Шампион (2010)“, како млад војник, (2010) „Во земјата на чудата (2009)“, како Јосан, (2009) „Проклети (2008)“, како докторот, (2008) „Зад стаклата (2008)“, како работник #1, (2008) „Ноќно возење (2007)“, како злосторник, (2007) „За наивните деца (2007)“, како Дарко Шимиќ, (2007)Goran Bogdan IMBd/.

Наводи

Надворешни врски Stranica na ZKM.hr Organizatori West Herzegowina Festa

Категорија:Хрватски глумци Категорија:Хрватски филмски глумци