мини|Дел од Дон Карлос. Дон Карлос — историска трагедија во пет чина напишана од познатиот германски автор Фридрих Шилер. Ова дело било напишано помеѓу 1783 и 1787 година и за првпат било испечатено во Хамбург во 1787 година. Главен лик во трагедијата е Карлос, принц на Астуријците и делото е напишано врз основа на вистински историски настани кои се случиле во шеснаесеттиот век за време на владеењето на шпанскиот крал Филип . Дон Карлос е една од најпознатите Шилерови драми.
Истакнати ликови во делото
Филип , шпански крал Елизабета од Валоа, негова жена Дон Карлос, принц и син на Филип Александар Фарнезе, принц на Парма Клара Евгенија, тригодишно девојче војвотката од Оливарез, прва дворска дама
Кратка содржина
Протагонист, односно главен лик во делото е принцот Карлос од Астурија, син и наследник на кралот Филип , кој на крај завршува во затвор, а неговиот татко се жени со неговата вереница, француската принцеза Елизабет. Во драмата Карлос е прикажан како романтичен јунак и слободољубив бунтовник кој се буни против својот татко, како и против општеството.
Познати опери засновани на делото опера од Мајкл Коста - 1844 година опера од Антонио Бацола - 1850 година опера од Винченцо Мосцуза - 1862 година најпозната е операта од Џузепе Верди - 1867 година
Категорија:Германска книжевност