Крешо Голик (), (, – , ) — хрватски режисер и сценарист.
Животопис Основно училиште завршил во Фужине, а гимназија и графичка школа во Сењ и Загреб. Најпрво бил спортски репортер во Радио Загреб, а подоцна режисер на филмските прегледи во Јадран филм.
Од 1947 година започнал професионално да се занимава со филмската уметностKresimir Golik (1922–1996)/.
Творештво Прв игран, целовечерен фил му бил „Син 9 “, а потоа следат: „Девојката и јаворот “, „Од 3 до 22 “, мелодрамските комедии „Имам две мајки и двајца татковци“ и „Кој пее, зло не мисли“, кој, според хрватските филмски критичари е еден од најдобрите хрватски филмови на сите времињаGolik naš je genijalac. Остварил голем успех со телевизиските серии и филмови, особено со: „Грунтовчани “, како и „Диригенти и музичари“,.
Бил професор на Академијата за драмски уметности во Загреб.
Филмови и ТВ серии Режисер: Диригенти и музичари (1990), ТВ серијаKrešo Golik Вилата Орхидеја (1988) Инспекторот Винко (1984) ТВ серија Љубица (1978) Истрел (1977) Мотелот месечина (1976), (ТВ) Грунтовчани (1975), ТВ серија Бразди (1973) Да се живее од љубов (1973) Дискрецијата е загарантирана (1972), (ТВ) Конфликт (1972),( ТВ) Кој пее, зло не мисли (1970) Истрел (1977) (ТВ) Колку тоа чини (1969) Имам две мајки и двајца татковци (1968) Кореографија за камера и танчари (1968) Шест чекори... до светскиот рекорд (1967) Од 3 до 22 (1966) Девојката и јаворот (1955) Кала (1955) Син 9 (1950) Автопат Братство-единство (1948) Уште еден брод заплови (1948) На овој пат (1948)
Сценарист: Вилата Орхидеја (1988) Да се живее од љубов (1973) Кој пее, зло не мисли (1970) Колку чини тоа (1969) Имам две мајки и двајца татковци (1968) Шест чекори... до светскиот рекорд (1967) Од 3 до 22 (1966) Николетина Бурсаќ(1964) Прекубројна (1962) Мартин во облаци (1961) Довикнати води (1960) На прагот од градот (1960) Раздвижени оски (1960) Жолти и сини полиња (1960) Син 9 (1950) Автопат Братство-единство (1948) Уште еден брод заплови (1948)Krešo Golik – genijalni velikan hrvatskog filma
Награди Фестивал на играниот филм во Пула 1971 - Бронзена арена за режија, за филмот „Кој пее, зло не мисли“. „Награда Владимир Назор“ за животно дело. Во негова чест од 1997 година, е основана Весниковата годишна награда, за придонес во облата на филмската уметност наречена „награда Крешо Голик“.
Наводи
Надворешни врски Krešo Golik životopis na Filmski-Programi.hr Krešo Golik životopis na Film.hr
Категорија:Хрватски филмски режисери Категорија:Погребани на гробиштата „Мирогој“