мини|Јакоб Беме (Полска, 24 април 1575 - Германија, 17 ноември 1624)

Јакоб Беме (Полска, 24 април 1575 - Германија, 17 ноември 1624) — германски филозоф. Се занимавал со чевларство. Беме во делата што ги пишувал многу често ја цитирал Библијата, ретко цитирал други дела или пак автори. Автобиографските белешки и содржината на неговите дела ни укажуваат на тоа дека имал солидни познавања на астролошките и алхемичарските книжевни дела од тој период. Во времето кога го изучувал занаетот, тој се запознал со писмените белешки на Каспер Швенкфелд, кој се борел и проповедал слободно христијанство и го отфрлал влијанието на црквата. За Беме многумина сметаат дека не бил многу образован, туку дека природата го научила сè што знаел во животот.

Значење и влијание Беме извршил големо влијание со неговите дела и погледи кон светот, и тоа не само во Германија, туку и во многу други земји ширум светот, како што се: Англија, Холандија, а подоцна и САД. Беме е опеан во една песна на полскиот поет Тадеуш Ружевич.Tadeuš Ruževič, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg / Čigoja štampa, 2013, стр. 243-244. Исто така, тој е еден од споредните ликови во романот „Подемот и падот на Паркинсоновата болест“ на српскиот писател Светислав Басара.Svetislav Basara, Uspon i pad Parkinsonove bolesti. Beograd: Dereta, 2011.

Наводи

Категорија:Германски филозофи Категорија:Германска книжевност Категорија:Родени во 1575 година Категорија:Починати во 1624 година