мини|Портрет на Берне. Лудвиг Берне (роден 6 мај 1786 - починат 12 февруари 1837) - германско-еврејски писател за теми од областа на политиката и сатиричар. Припаѓа на движењето наречено „Млада Германија", кое претставува група на германски писатели која постоела од 1830 до 1850 година. Лудвиг бил поет и политички филозоф. Починал во Париз на педесет годишна возраст.

Почеток на животот Лудвиг Берне е роден на 6 мај 1786 година во Франкфурт на Мајна во еврејско семејство. Син е на банкарот Јакоб Барух. Неговиот дедо бил владин бирократ.

Образование Лудвиг Берне и неговиот брат имале приватни часови од Јакоб Сахс, а подоцна и од Ректор Моше. На 14 години заминал да учи медицина кај учителот Хецел во Гисен. По една година Лудвиг бил испратен во Берлин да продолжи со изучувањето на медицината. Таму негов учител бил физичарот Маркус Херц, кај кого и престојувал. Понатаму учел на универзитетот во Хале. Своето образование го завршил на универзитетите во Хајделберг и Гисен, каде што студирал право и политички науки.

Познати дела (1822) Уметникот за храна (1826) Меморијален говор на Жан Пол (1829) Монографија на германскиот полжав по пошта (1829–1834) Драматуршки трудови (1837) Менцел францускиот јадач

Надворешни врски

Категорија:Германска книжевност Категорија:Починати во Париз Категорија:Погребани на гробиштата „Пер Лашез“ Категорија:Родени во 1786 година Категорија:Починати во 1837 година