Лагуна Караваста () – најголемата лагуна во Албанија и една од најголемите на Средоземното Море, која опфаќа површина од 42 км2. Караваста е дел од Националниот парк Дивјаке-Караваста и од Јадранското Море е одвоена со голем песочен појас. Се протега низ крајбрежната низина Мизеке близу Дивјаке и некои 20 км од Лушње.

Во Караваста има многу борови дрвја и мали песочни острови. Позната е по тоа што е населена од далматинскиот пеликан. 6,4% од европските далматински пеликани се наоѓаат во Караваста.. Лагуната припаѓа на екорегионот на илирските листопадни шуми од средоземните шуми и грмушки. Климата е типична средоземна.

Лагуната се наоѓа во рамките на Националниот парк Дивјака-Караваста и е признаена како моклиште од меѓународно значење според Рамсарската конвенција. Лагуната била идентификувана како важно птичје подрачје од Бердлајф интернешенел, бидејќи го населува значителен број различни птичји видови.

Бидејќи акциите за дезинфекција одамна биле запрени, подрачјето е познато дека има многу активна сезона на комарци. Во 2014 година, акциите се обновиле и почнал проект за рехабилитација на областа. Истата вклучила мораториум на лов што ги оживеало активностите на набљудување на птици.

Поврзано Национален парк Дивјака-Караваста Географија на Албанија Лагуни во Албанија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Географија на Албанија Категорија:Лагуни во Албанија Категорија:Моклишта во Албанија Категорија:Јадрански брег на Албанија