Основно училиште „Дешка Тошева“ (официјално: Подрачно основно општинско училиште „Дешка Тошева“ - Бегниште; скратено: ПООУ „Дешка Тошева“) — подрачно основно училиште во селото Бегниште, составен дел на основното училиште „Тоде Хаџи Тефов“ од градот Кавадарци.

Училиштето е именувано по партизанката Дешка Тошева.

Местоположба

Објектот на училиштето се наоѓа во самото село Бегниште.

Настава

Во училиштето се изведува настава од прво до петто одделение и наставата се изведува единствено на македонски наставен јазик.

Наводи

Категорија:Основни училишта во Општина Кавадарци Бегниште Категорија:Бегниште