Лагадинско Езеро (, Лимни Коронија) — езеро во Солунско, Егејска Македонија, денес во Грција. Понекогаш се среќаваат и имињата Ајвасилско езеро, Агиос Василис, Лимни Лагада (Λίμνη Λαγκαδά). Наоѓа се на 30 км североисточно од Солун. Поврзано е преку два природни канала на исток со Бешичкото Езеро, со коешто сочинуваат еден екосистем.
Хидролошки податоци Во седумдесеттите години езерската површина изнесувала 46,2 км2 и длабочина од 8 метри. Во наредните 20 години обемот на езерото критички се смалил, така што во 1995 веќе било со површина 30 км2 и длабочина од 1 метар. Во 2002 целосно е исушено, а во 2003 е делумно востановено со максимална длабочина 0,9 метри. Како резултат цути цијанобактеријата Prymnesium parvum, што пак води до масовна смрт на птици и риба. По изработувањето на план за справување со еколошката криза и неговата реализација, во 2004 езерската површина е 34,39 км2.
Езерото е плитко, еутрофно, со мала количина на кислород во водата летно време.
Во езерото се влева реката Богдана.
Флора
Фауна
Поврзано Лагадина Лагадинско Поле
Наводи
Надворешни врски
Сателитска слика на езерото
Категорија:Езера во Грција Категорија:Езера во Егејска Македонија Езеро Категорија:Рамсарски места во Грција