Естонија е мала, густо пошумена земја која се наоѓа на брегот на Балтичкото Море. Таа е дел од палеарктичката екозона (како преодна зона меѓу западните палеарктички и евросибирските области) и умерениот северноатлантски морски екорегион.Spalding, M.D., et al. "Marine Ecoregions of the World: A Bioregionalization of Coastal and Shelf Areas". Bioscience'' Vol. 57 No. 7, July/August 2007
Фитогеографски, Естонија се дели помеѓу средноевропските и источноевропските провинции од бореалното царство. Според WWF, територијата на Естонија припаѓа на екорегионот на сарматските мешани шуми.
Ретката популација на Естонија и големите шумски површини овозможиле да преживеат голем број на европски рисови, диви свињи, кафеави мечки и лосови меѓу другите животни. Се смета дека во Естонија има популација од околу 200 волци, што се смета за малку над оптималниот број од 100 до 200. .Keskkonnainfo: hunt
Естонскиот птичји живот се одликува со ретки морски птици како што се штелеровата гавка (Polysticta stelleri), малата белочелна гуска (Anser erythropus) и црноопашната блатарка (Limosa limosa), мочуришни птици како големата шлука (Gallinago media), сувоземни птици како прдавецот (Crex crex) и модровраната (Coracias garrulus) и грабливки како големиот орел кликач (Aquila clanga).
Естонија има пет национални паркови, вклучувајќи го Националниот парк Лахемаа на северниот брег како најголем. Националниот парк Соомаа, помеѓу Пjaрну и Вилјанди, е познат по своите моклишта. Резерватите, како што се резерватот за птици на Кaјна Беј и Националниот парк Матсалу (моклиште од меѓународно значење според Рамсарската конвенција), се исто така популарни кај месното население и туристите и поддржуваат широк спектар од птичјиот свет.Birds Of Estonia мини|300px|десно|Срната е најчест копитар во Естонија
’Рбетници Најголемата популација на мечки може да се најде во североисточна Естонија во окрузите Ида и Лаане Виру. Бројот на мечки, рисови и волци бил доста намален во советско време бидејќи животните биле многу ловени. Откако биле ставени под заштита бројот на големите месојади својот врв го достигнал во 1990-тите, но потоа малку опаднал заради зголемениот лов. Во2008 година, Естонија била дом на околу 620 кафеави мечки, 760 рисови и 135 волци. На почетокот на 2010 година, големите копитари броеле 48.040 срни (намалување од 63.000 во 2009), 11.741 лосови, 2.831 обични елени I 22.542 диви свињи.
Нејзиниот птичји свет ги има златен орелзлатниот орел и бел штркбелиот штрк. Има десетина национални паркови и заштитени подрачја, од кои најголем е Националниот парк Лахемаа, кој се наоѓа на северниот брег. Националниот парк Соомаа, близу Перну е познат по своите стари моклишта.
Поврзано Список на цицачи во Естонија Список на птици во Естонија Список на риби во Естонија Список на пеперуги во Естонија
Наводи
Надворешни врски Photos of Estonian Wildlife
Категорија:Фауна во Естонија