Основно училиште „Браќа Миладиновци“ (официјално: Подрачно основно општинско училиште „Браќа Миладиновци“ - Ратавица; скратено: ПООУ „Браќа Миладиновци“) — подрачно основно училиште во селото Ратавица, составен дел на истоименото училиште од градот Пробиштип.
Училиштето е именувано по македонските преродбеници и писатели Браќа Миладиновци.
Местоположба
Објектот на училиштето се наоѓа во самото село Ратавица, сместено на излезот од селото.
Настава
Во училиштето се изведува настава од прво до петто одделение и наставата се изведува единствено на македонски наставен јазик.
Наставата се изведува во една комбинирана паралелка за сите 12 ученици.
Наводи
Категорија:Основни училишта во Општина Пробиштип Ратавица Категорија:Ратавица