Банатска Република — краткотрајна држава, која била прогласена на 31 октомври 1918 година во Темишвар, по колапсот на Австроунгарија.
Историја По прогласувањето на Банатска Република, бил формиран Банатски народен совет, кој се состоел од по пет претставници од следните нации кои живееле на територијата на Банат: Германци, Унгарци, Срби и Романци.
Главниот комесар на новоформираната република станал доктор Ото Рот, додека за воен командант бил избран Алберт Барт. Унгарската влада веднаш ја признала независноста на Банатската република. Поддршката за создавање на Банатската република од страна на Унгарија била со цел да се задржи северниот Банат и да се намали определувањето на тамошното население за припојување кон јужнословенската држава.
Банатскиот народен совет организирал воени одреди и цивилна стража на 4 ноември истата година. Целта за формирање на воените одреди била воспоставување на контрола врз целата територија на Банат. Сепак, Банатска Република траела кратко, по неколку дена, војската на Кралството Србија влегла во Банат и го приклучила како своја територија и тоа било крај на Банатската република. Неколку месеци подоцна, територијата на Банат била поделена меѓу Кралството СХС и Романија, земајќи ги предвид прогласот на Големото народно собрание во Нови Сад и резолуцијата од Алба Јулија.
Во април 1920 година, Германците од Банат поднеле барање до Париската мировна конференција да се обнови републиката, под име Република Банатија. Според ова барање, обновената република, освен Банат, би ја вклучила и соседната Бачка, и би била поделена на кантони слично на Швајцарија, во кои би управувале претставниците на мнозинската етничка група од секој кантонт. Овој предлог бил отфрлен од страна на Париската мировната конфренција.
Демографија Република Банат броела 1.582.133 жители, од кои:
592.049 (37,42%) Романци 387.545 (24,50%) Германци 284.329 (17,97%) Срби 242.152 (15,31%) Унгарци имало и помал број на помали етнички групи во кои спаѓале Словаци, Хрвати, Русини и други.
Според религија, населението во Република Банат било:
855.852 (54,10%) православни христијани 591.447 (37,38%) католици членови на помали верски заедници како калвинисти, лутеранци, и Евреи.
Наводи
Литература
Драго Његован, Присаједињење Војводине Србији, Нови Сад, 2004. Милојко Брусин, Наша разграничења са суседима 1919—1920, Нови Сад, 1998.
Поврзано
Банат Српско-унгарска република Барања-Баja Република Прекмурје
Категорија:Поранешни држави на Балканот Категорија:Поранешни непризнаени држави Категорија:Поранешни држави во Европа Категорија:Историски области во Србија Категорија:Унгарија во раниот нов век Категорија:Држави и територии настанати во 1918 година Категорија:Држави и територии распаднати во 1919 година