Серија А 2018-2019 била 117-тата сезона на првата фудбалска лига на Италија, односно 87-ма сезона позната под името Серија А. Сезоната започнала на 18 август 2018, а завршила на 26 мај 2019 година.
Екипата на Јувентус влегла како бранител на титулата од сезоната 2017-2018. , и биле новите три членови откако избориле промоција во Серија Б претходната сезона.
На 20 април 2019, Јувентус ја одбранил титулата на пет кола пред крајот после победата на домашен терен над со 2-1. Со тоа клубот од Торино стигнал до своето 35-то скудето во клупската историја, 8 едноподруго почнувајќи од сезоната 2011-2012. Второто место со 11 бодови помалку од шампионот го освоила екипата на . и пак, во последното коло им се придружиле на Јувентус и Наполи и ќе играат во групната фаза на Лигата на шампионите 2019-2020, откако ги освоиле третото и четвртото место со еднаков број на бодови 69.
Петтопласираниот , шестопласираната , како и осмопласираниот (кој го освоил Купот на Италија) избориле учество во Лигата на Европа 2019-2020.
Трите клуба кој испаднале од лигата во сезоната биле , и .
Најдобар стрелец во лигата во оваа сезона бил Фабио Кваљарела од со 26 постигнати гола.
Општо Трите нови екипи кои избориле промоција во Серија А за оваа сезона биле , и , заменувајќи ги , и Беневенто кои испаднале во претходната сезона. Емполи - како шампион на Серија Б - се вратил во Серија А по само една сезона отсуство, Парма пак, се вратила во најсилното фудбалско натпреварување во Италија за првпат по сезоната 2014-2015 откако го комплетирала своето искачување од Серија Д до Серија А во само три години по нивниот банкрот во летото 2015 година, додека Фрозиноне се вратил по две години пауза откако го победиле во плејофот.
Првото коло од првенството се играло од 18 до 20 август 2018 година, со 8 натпревари, наместо десетте закажани: поради трагедијата што ја погодила Џенова, со делумниот колапс на мостот Понте Моранди, па лигата во заеднички договор со лигурските екипи одлучила да ги одложи натпреварите од Милан-Џенова и Сампдорија-Фјорентина. Трите вонредни кола одиграни во средината на неделата биле на следниве датуми: 26 септември 2018, 26 декември 2018 и 3 април 2019 година. Првенството имало 4 репрезентативни паузи и во тие викенди не се играло (9 септември 14 октомври 18 ноември и 24 март) заради обврските на италијанската репрезентација во новоформираната Лига на Нации како и почетокот на квалификациите за Европското првенство 2020; a исто така не се играло ниту во првите две недели од 2019 година, период окупиран за осминафиналето на Купот на Италија 2018-2019. Последното коло било закажано за недела, 26 мај 2019 година.
Што се однесува до термините за играње на натпреварите, лигата го обезбедила следниов формат:
Сабота: 3 натпревари 1 натпревар во 15:00 часот 1 натпревар во 18:00 часот 1 натпревар во 20:30 часот Недела: 6 натпревар 1 натпревар во 12:30 часот 3 натпревар во 15:00 часот 1 натпревар во 18:00 часот 1 натпревар во 20:30 часот Понеделник-Петок: 1 натпревар во 20:30 часот
Калчомеркато Летна сесија
Во летото 2018 година, италијанскиот шампион од претходната сезона, , го направил најскапиот трансфер во историјата на италијанското првенство: тие ги обезбедиле услугите на португалската суперѕвезда Кристијано Роналдо, еден од најголемите шампиони на неговата генерација, плаќајќи сума од 100 милиони евра во касата на . Клубот од Торино, исто така ја затворил ерата со двајца фудбалери кој долги години го носеле нивниот дрес, Џанлујџи Буфон и Клаудио Маркизио кој заминале по 17 и 11 години во клубот, но исто така, се засилиле со доаѓањето на голманот Матија Перин, бековите Жоао Кансело и Леонардо Спинацола, и играчот од средниот ред Емре Џан; а кон крајот на преодниот рок дошло и до изненадувачкото враќањето на Леонардо Бонучи, назад во Торино по скандалозното заминување во претходната година, доаѓајќи во размена од која што го вклучила и младиот дефанзивец Матија Калдара кој заминал во спротивен правец.
Еден од најголемите конкуренти на Јувентус во оваа деценија, ја завршил соработката со тренерот Маурицио Сари и на негово место го назначиле Карло Анчелоти, кој се вратил во Серија А речиси по една деценија по неговото последно искуство во Милан; од пазарот, клубот ги довел уште и голманот Давид Оспина кој дошол да го замени Пепе Реина, играчот од средниот ред Фабијан Руис, да го замени Жоржињо, како и десниот бек Кевин Малки од и офанзивецот Симоне Верди од . Многу активна на пазарот била : џалоросите се засилиле со голманот Робин Олсен, играчите од средниот ред Стивен Нзонзи, Брајан Кристанте и Хавиер Пасторе, и крилото Џастин Клајверт, додека пак од друга страна морале да се справат со заминувањето на одличниот голман Алисон и играчите од средниот ред Кевин Стротман и Раџа Наинголан; вториот од нив пак бил најважното засилување на , кој се поздравил со Кансело и Рафиња, а го редизајнирале својот ростер со доведувањето на стоперот Стефан де Врај, бековите Квадво Асамоа и Шиме Врсаљко, крилните напаѓачи Матео Политано и Кеита Балде и напаѓачот Лаутаро Мартинес.
ги заменил заминувањата на де Врај и Фелипе Андресон со Франческо Ачерби и Хоакин Кореја, и го довеле играчот од средниот ред Милан Бадељ. Милан, во сезоната влегол со втора промена во сопственичката структура за период од една година откако клубот го преземала американската фирма Елиот, во прилог на горенаведениот Калдара, од Јувентус, исто така, го довеле на заем со право на откуп и напаѓачот Гонсало Игуаин, кој дошол да ги замени Никола Калиниќ и Андре Силва кои имале разочарувачка сезона; исто така биле направени промени и во другите две линии каде биле доведени голманот Реина, играчот од средниот ред Тимуе Бакајоко и страничните играчи Диего Лаксалт и Саму Кастиљехо. се разделила со Андреас Корнелиус, Кристанте и Андреја Петања а се засилила со доаѓањето на Марио Пашалиќ и Дуван Сапата.
Меѓу другите трансфери се истакнуваат доаѓањето на полскиот напаѓач Кшиштоф Пјонтек во , потоа на Жервињо во , на Грегуар Дефрел во и на Кевин-Принс Боатенг во , клуб кој исто така ја започнал сезоната со промена на тренерската клупа која ја преземал Роберто Де Зерби. Промена на тренерската функција во текот на летото, исто така, била видена и во , , и , кои сезоната ја започнале со Филипо Инѕаги, Роландо Маран и Хулио Веласкес.
Зимска сесија Најактивен тим на пазарот во зимската сесија бил Милан, кој го довел играчот од средниот ред Лукас Пакета, но пред се, она што го обележило зимскиот трансферен прозорец во Италија боча нивната промена во нападот: по само една полусезона завршило мачното и разочарувачко искуство на Игуаин на Сан Сиро, кој се вратил во Јувентус и веднаш потоа бил позајмен на , а росонерите го замениле него со купување на доскорашниот играч на Џенова, Пјонтек, кој бил откровение на првиот дел од првенството. Минимални операции во зимскиот преоден рок имал Јувентус, кого го напуштил Меди Бенатија и заминал во , а како негова замена во Торино се вратил поранешниот играч на бјанконерите Мартин Касерес од Лацио, додека Интер се засилил со бекот на Седрик Соарес.
Меѓу другите клубови кој повлекле потези на трансфер-пазарот, биле Фјорентина и Сампдорија кој им овозможиле да се вратат во Италија на двајца поранешни напаѓачи во Серија А: Луис Муриел и Маноло Габијадини, соодветно дошле од и од . Џенова го заменила гореспоменатиот Пјонтек со Антонио Санабрија, додека Болоња во Битката за опстанок се засилила со Никола Сансоне и Роберто Соријано. Сасуоло и Емполи пак морале да се опростат од важни играчи како Боатенг и Миха Зајц кој заминале во односно . И за крај, во февруари, Наполи се разделил со својот капитен, и "икона" на клубот Марек Хамшик, кој по 12 години во партенопеите се преселил во кинескиот .
Настани Прв дел од сезоната (Андата)
Во пресрет на првото коло од првенството Лигата А одлучила да ги одложи натпреварите на двете екипи од Џенова ( - и - ) поради делумниот колапс на мостот Понте Моранди во главниот град на Лигурија. Веќе по крајот на третото коло се потврдуваат летните предвидувања кога се во прашање најсеризоните кандидати за освојување на скудетото, со на врвот како единствена екипа со максимален број на бодови; а во трка со бранителот на титулата се држел , додека и веќе заостануваат. Меѓу откровенијата на почетокот на сезоната има две изненадувања, и , од кој вторите биле со максимален број на бодови по првите две кола.
По враќањето од репрезентативната паузата во септември, Јувентус ја продолжил својата серија на последователни победи стигнувајќи до бројот осум, победувајќи го, исто така, Наполи во директниот судир во Торино во 7-мото коло. Партенопеите, иако на поприлична дистанција, всушност остануваат единствените вистински гонители на бјанконерите, додека оваа фаза на првенството сигнализира неочекувани потешкотии за , додека веќе се нашол залепен на дното на табелата.
Во месец октомври, првенството го забележал првиот погрешен чекор на Јувентус, кој на својот стадион не успеал да ја добие Џенова (завршило 1-1); сепак, со победите во следните три натпревари, бјанконерите повторно го вратиле тимот на Анчелоти на безбедно растојание. Интер пак, по надминувањето на првичните проблеми, во овој период се стабилизирале како "трета сила" во првенството, во средината на табелата, Сасуоло го потврдил одличниот почеток на сезоната, додека Аталанта, исто така, се кренала нагоре. Во меѓувреме, на дното на пласманот имало бројни промени на тренери кои влијаат на Кјево, , и , како и Џенова која е несигурна и покрај "подвигот" на нивниот млад напаѓач-откровение Пјонтек.
Првиот дел од првенството (наречен Андата) завршил со Јувентус на врвот на табелата како зимски шампион, запишувајќи нов рекорд по бројот на освоени бодови на полусезона, 53, како резултат на 17 победи и 2 нерешени натпревари. Зад бјанконерите своите позиции ги консолидирале Наполи и Интер, а нероаѕурите успеале да ги победат наполитанците во директниот судир на "Boxing day"; овој натпревар, сепак, не останал запаметен по тоа што се случувало на теренот туку надвор од него, каде сериозните судири што се случиле помеѓу навивачите на двата клуба надвор од Сан Сиро, кулминирале со смртта на еден навивач на Интер.
Втор дел од сезоната (Риторно) Во првите два месеци од 2019 година се потврдува сценариото од крајот на првиот круг, само што сега Јувентус ја зголемил уште повеќе својата предност - сега на 13 бодови - во однос на Наполи по 24-тото коло; тоа бил најголемиот забележан јаз на врвот на табелата помеѓу првиот и вториот тим на крајот на февруари уште од сезоната 2006-2007. Бјанконерите ја нагласиле својата сезонска супериорност во 26-тото коло, победувајќи ги Партенопеите во "големиот натпревар" на Сан Паоло и отишле на +16, стигнувајќи многу блиску до новото скудето, пред во 28-мото коло да го регистрираат неочекувано првиот сезонски пораз на Мараси против Џенова. Зад водечкото дуо, во меѓувреме, Интер минува низ турбулентни недели, потресен од внатрешни проблеми поради тоа што клубот и капитенот Икарди не можеле да се договорот околу платата на фудбалерот во новиот договор, што довело до тоа тој повеќе да не биде капитен на клубот. Рома незадовални од својата сезонска патека, извршиле промена на тренерската клупа назначувајќи го Клаудио Раниери на местото на отпуштениот Ди Франческо.