Бруно Едуардо Регуфе Алвес (роден на 27 ноември 1981 во Повоа де Варзим) — португалски поранешен фудбалер, .

Својата кариера ја започнал и го поминал најголемиот дел од неа во екипата на Порто, со која освоил вкупно 9 титули и за која одиграл 171 официјален натпревар. Тој исто така освоил неколку трофеи и во Русија со екипата на Зенит Санкт Петербург, и во Турција со Фенербахче.

Како сениорски репрезентативец на Португалија од 2007 година, Алвес ја претставувал својата земја на три Светски првенства (2010, 2014 и 2018), три Европски првенства (2008, 2012 и 2016, на кое Португалија била победник) и еден Куп на конфедерации.

Биографија Тој е син на поранешниот бразилски фудбалер Вашингтон Хералдо Дијас Алвес, а неговите браќа Хералдо Алвес и Хулио Алвес се исто така фудбалери.Profilo su Calciozz.it

Клупска кариера Порто Алвес е роден во Повоа де Варзим и започнал да игра фудбал во локалниот клуб ФК Варзим, пред да премине во младинските категории на Порто на возраст од 17 години. После три последователни позајмици во периодот 2002-2005, две во Португалија и уште една во Грција во АЕК Атина,Porto promise to AEK; UEFA, 4 August 2004 тој се вратил во Порто за сезоната 2005–2006, продолжувајќи го својот договор со клубот до 2010 годинаPorto trio commit futures; UEFA, 28 October 2005 и се борел за место во почетната постава со Рикардо Коста и Жоао Пауло. Алвес одиграл седум првенствени натпревари за подоцнежните шампиони, но бил и неславно исклучен на 15 октомври 2005 година во поразот на домашен терен со 0-2 од Бенфика, по удирањето со глава на противничкиот играч Нуно Гомеш.

Пристигнувањето на тренерот Жезуалдо Фереира на клупата на Порто во летото 2006 година, било пресвртница во кариерата на Алвес. Тој ја добил битката со тешката конкуренција за почетното место во тимот кај новиот тренер, формирајќи цврсто партнерство во центрарот на одбраната со Пепе. Импресивната кампања (2006-2007), му донела на играчот голем број на пофалби за неговите перформанси за време на сезоната, во која тој одиграл 28 од 30-те натпревари на Порто во лигата, а клубот освоил уште едно државно првенство.

На 7 април 2009 година, раната грешка на Алвес во четвртфиналето од Лигата на шампионите против на Олд Трафорд довела до изедначувачки погодок на Вејн РуниLast-gasp Mariano goal puts Porto in position ; UEFA, 7 April 2009– натпреварот завршил нерешено 2–2 а Порто бил елиминиран со вкупен резултат 3-2. Сепак, на 10 мај, тој со удар со глава го постигнал единствениот погодок во победата на домашен терен против Насионал, што на клубот и на играчот им ја обезбедила четвртата последователна национална титула. Алвес исто така бил избран и за Фудбалер на годината во Примеира лигата за 2009.

Зенит Санкт Петербург

На 3 август 2010 година, на возраст од 28 години, Алвес потпишал за рускиот клуб Зенит Санкт Петербург во трансфер вреден 22 милиони евра,Comunicado (Announcement) ; FC Porto, 3 August 2010 (in Portuguese) придружувајќи име се во составот на сонародниците Дани и Фернандо Меира. Веднаш по неговото доаѓање, тренерот Лучано Спалети го опишал Алвес како многу важен играч за тимот, забележувајќи го неговото искуство, способност за игра во воздухот и силен карактер.

Своето деби за новиот клуб го направил на 14 август 2010, во натпревар на домашен терен против Динамо Москва во Руската Премиер лига кој завршил нерешено 1-1, играјќи ги комплетните 90 минути. Својот прв гол за Зенит го постигнал на 30 септември 2010, против неговиот поранешен клуб АЕК Атина во групната фаза од Лигата на Европа. Својата прва полусезона во Зенит ја завршил со 14 првенствени настапи, помагајќи му притоа на клубот да стане шампион на Русија.

Следната сезона Алвес одиграл 45 натпрвевари за Зенит во сите натпрвеварувања, помагајќи му на клубот да ја одбрани титулата во руското првенство и да го освои Суперкупот, со победа над .

Фенербахче

На 5 јуни 2013, Алвес се согласил да му се приклучи на турскиот Фенербахче, потпишувајќи тригодишен договор за плата од 2.5 милиони евра по сезона, во трансфер вреден 5.5 милиони евра. Дебитирал за Фенер на 31 јули 2013, во натпреварот против Ред Бул Салцбург одигран во Австрија во третото коло од квалификациите за Лигата на шампионите кој завршил 1-1. Својот прв погодок за клубот го постигнал на 31 август 2013, во победата со 5-2 на домашен терен над Сиваспор во третото коло од турското првенство. Тој одиграл 25 натпревари и постигнал два гола во неговата прва сезона во Истанбул, помагајќи му на клубот да ја освои титулата во Турската Супер лига.

На почетокот на следната сезона, Алвес играл во Суперкупот на Турција во кој тие го победиле Галатасарај на пенали на 25 август 2014.

На 18 октомври 2014 година, Алвес добил директен црвен картон за удирање на Блерим Џемаили, во поразот со 2-1 од Галатасарај на Турк Телеком Арена. На 25 мај 2015 година, тој повторно бил исклучен правејќи прекршок за пенал против Истанбул Башакшехир, со што станал вториот од четворицата играчи на Фенер кој биле исклучен во тој натпревар кој завршил нерешено 2-2, со што жолто-црните и дозвоиле на Галатасарај да ја осигура титулата во првенството.

Каљари На 5 јуни 2016, Алвес потпишал двегодишен договор со , повратникот во италијанската Серија А. Своето деби за клубот го направил на 15 август 2016, во победата со 5–1 на домашен терен над СПАЛ во Купот на Италија, а дебито во Серија А го имал шест дена подоцна во натпреварот -Каљари 3-1. Својот прв и единствен погодок за Каљари го постигнал од слободен удар на 11 септември, во поразот со 2-1 од на Дал'Ара.

Сезоната ја завршил со 36 настапи во Серија А и еден во Купот на Италија и еден постигнат гол.

Ренџерс На 31 мај 2017, Алвес потпишал двегодишен договор со шкотскиот Ренџерс за необјавена сума.

Парма Во летото 2018, Алвес се вратил во Италија, потпишувајќи договор со новопромовираната екипа во Серија А до 30 јуни 2019. Веднаш по доаѓањето тој бил назначен за водач на тимот и му била доделена капитенската лента по заминувањето на Алесандро Лукарели кој се пензионирал по завршувањето на претходната сезона во Серија Б. Дебитирал за емилијаните на 19 август 2018 во првото коло од Серија А 2018-2019, во натпреварот Парма- 2-2.

Репрезентативна кариера

Алвес играл за Португалија на Летните олимписки игри 2004, каде што репрезентацијата го завршила учеството во Грција после само три натпревари. Претходно тој бил член и на репрезентациите под 20 и под 21 година.

Своето деби за сениорската ререзентација го добил од страна на селекторот Луис Фелипе Сколари во јуни 2007 година, против Кувајт во пријателски натпревар што завршил нерешено 1–1.Scolari names uncapped trio in Portugal squad ; ESPN Soccernet, 22 May 2007 Следната година тој бил избран во составот за Европското првенство 2008, играјќи во поразот со 0–2 од Швајцарија во групната фаза.

Тој бил постојан стартер во репрезентацијата за време на квалификациите за Светското првенство 2010, а во еден од овие натпревари против Албанија на 6 јуни 2009, го постигнал својот прв гол за Португалија и тој се покажал како победнички во успехот со 2-1, дозволувајќи и на Португалија да обезбеди место во баражот.Alves is king as Portugal prevail ; UEFA, 6 June 2009 Таму, во првиот натпревар одигран во Лисабон, тој исто така бил стрелец (на единствениот гол во натпреварот) против Босна и Херцеговина, помагајќи им на португалците да обезбедат пласман на мундијалот со вкупен резултат 2-0; тој, исто така ги одиграл сите натпревари и минути на завршниот турнир во Јужна Африка, каде неговата земја била елиминирана во осминафиналето.

Алвес ги одиграл сите натпревари и минути и на следниот голем турнир на кој Португалија настапила, Европското првенство 2012, играјќи во тандем заедно со поранешниот тимски колега од Порто Пепе. Во полуфиналето, против Шпанија, тој бил еден од двата играчи на Португалија што промашиле пенал во поразот со 4-2 на пенали откако по 120 минути резулататот бил 0-0.

Десет дена подоцна, откако бил вклучен во изборот од 23 играчи на селекторот Пауло Бенто за Светското првенство 2014, Алвес го постигнал победничкиот гол во пријателскиот натпревар против Мексико што завршил 1-0, а тоа бил негов 10-ти гол за сениорската репрезентација. Дебитирал на Светското првенство 2014 во првиот натпревар од групната фаза, поразот со 0-4 од Германија; тој, исто така, започнал и во следните два натпревари на турнирот во Бразил, во испаѓањето на репрезентацијата уште во групната фаза.

Алвес бил избран и во составот за Европското првенство 2016 во Франција. Во претпоследниот натпревар од подготовките за турнирот против Англија на 2 јуни, тој добил црвен картон на десеттина минути пред крајот на првото полувреме за старт со високо подигната нога кон главата на Хари Кејн; што бил неговиот прв црвен картон во репрезентативниот дрес. Својот прв настап на турнирот го имал дури во полуфиналето против Велс поради повредата на Пепе, и ги одиграл комплетните 90 минути во победата со 2–0 во Лион.

Во мај 2017 година, Алвес бил избран во тимот на европскиот шампион за Купот на конфедерации 2017. Тој одиграл 4 натпревари на турнирот, а Португалија го освоила третото место.

Следната година, бил избран во португалскиот состав за Светското првенство 2018 кое исто така се одржало во Русија. Сепак, таму не одиграл ниту еден натпревар, а Португалија била елиминирана во осминафиналето.

Клупска статистика Статистиката е ажурирана на 22 април 2019. Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 1999-2000 Порто Б СД 4 0 - - - - - - - - - 4 0 2000-2001 СД 36 6 - - - - - - - - - 36 6 2001-јан. 2002 СД 17 2 - - - - - - - - - 17 2Вкупно Порто Б 58 8 58 8 јан.-јун. 2002 Фаренсе ПЛ 15 0 - - - - - - - - - 15 0 2002-2003 СЛ 31 3 КП 2 0 - - - - - - 33 3Вкупно Фаренсе 46 3 2 0 - - - - 48 3 2003-2004 Виторија Гимараеш ПЛ 25 1 КП+ЛКП 1+0 0 - - - - - - 26 1 2004-2005 АЕК Атина АЕ 27 0 КГ 10 1 КУ 5 0 - - - 42 1 2005-2006 ПЛ 7 0 КП+ЛКП 1+0 0 ЛШ 3 0 - - - 11 0 2006-2007 ПЛ 28 2 КП+ЛКП 0+0 0 ЛШ 8 0 СП 0 0 36 2 2007-2008 ПЛ 27 2 КП+ЛКП 3+0 0 ЛШ 8 0 СП 1 0 39 2 2008-2009 ПЛ 30 5 КП+ЛКП 4+1 0 ЛШ 10 1 SP 1 0 46 6 2009-2010 ПЛ 27 5 КП+ЛКП 5+2 0 ЛШ 8 1 СП 1 1 43 7Вкупно Порто 119 14 16 0 37 2 3 1 175 17 2010 Зенит Ст. Петербург ПЛ 14 0 КР 2 0 ЛШ+ЛЕ 2Во плејофот.+7 0+1 - - - 25 1 2011-2012 ПЛ 36 0 КР 3 0 ЛШ 5 0 СР 1 0 45 0 2012-2013 ПЛ 21 1 КР 3 1 ЛШ+ЛЕ 5+1 0 СР 1 0 31 2Вкупно Зенит 71 1 8 1 20 1 2 0 101 32013-2014 Фенербахче СЛ 25 2 КТ 0 0 ЛШ 4Во квалификациските рунди. 0 СТ 1 0 30 22014-2015 СЛ 24 0 КТ 5 1 - - - СТ 1 0 30 1 2015-2016 СЛ 26 1 КТ 3 0 ЛШ+ЛЕ 2Трето квалификациско коло.+10Еден настап во плејофот. 0 - - - 41 1Вкупно Фенебрахче 75 3 8 1 16 0 2 0 101 4 2016-2017 А 36 1 КИ 1 0 - - - - - - 37 1 2017-2018 ШПЛ 20 1 КШ+ЛКШ 2+3 0+1 ЛЕ 0 0 - - - 25 22018-2019 А 30 4 КИ 0 0 - - - - - - 30 4Вкупно во кариерата 507 36 51 4 78 3 7 1 643 44

Титули Клупски Порто Примеира лига (4) : 2005–2006, 2006–2007, 2007–2008, 2008–2009 Куп на Португалија (3) : 2005-2006, 2008–2009, 2009–2010 Суперкуп на Португалија (2) : 2006, 2009

Зенит Премиер лига на Русија (2) : 2010, 2011–2012 Суперкуп на Русија (1) : 2011

Фенербахче Турска Супер лига (1) : 2013-2014 Суперкуп на Турција (1) : 2014

Репрезентативни Португалија под 21 година Турнир во Тулон (1) : 2001

Португалија Европско првенство (1) : 2016 ФИФА Куп на конфедерации: Трето место 2017

Поединечни Играч на годината во Примеира лигата (1) : 2009

Наводи

Надворешни врски

Бруно Алвес на soccerway Бруно Алвес на transfermarkt

Категорија:Живи луѓе Категорија:Португалски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Порто Категорија:Фудбалери на ФК АЕК Атина Категорија:Фудбалери на ФК Зенит Санкт Петербург Категорија:Фудбалери на ФК Фенербахче Категорија:Фудбалери на Каљари Калчо Категорија:Фудбалери на ФК Ренџерс Категорија:Фудбалери на ФК Парма Категорија:Фудбалери во Серија А Категорија:Родени во 1981 година