Синиот ангел е драма од 1930 година во режија на познатиот германски режисер Јосеф фон Стернберг. Овој филм е првиот германски звучен филм. Со негова помош голема слава стекнала дотогаш помaлку познатата глумица Марлен Дитрих. Таа била во улогата на Лола Лола која во филмот е пејачка. Песната која ја испеала,Ich bin von Kopf bis Fuss auf Liebe eingestellt, станала светски хит. Насловот на филмот на германски јазик гласи Der blaue Engel. Времетраењето на филмот е 99 минути. За место на снимање на филмот се смета Вајмарска Република и бил достапен на два јазика, англиски и германски. Сценариото е напишано од страна на Карл Цукмајер,Роберт Либман и Јосеф фон Стернберг. Овој филм е заснован на романот на Хајнрих Ман, Professor Unrat.
Наводи
Надворешни врски https://www.youtube.com/watch?v=7mSYBp5hdrA
Синиот ангел на германски јазик
Категорија:Филмови од 1930 година Категорија:Германски филмови Категорија:Филмови на англиски јазик