Интернет Прокол верзија 6 (IPv6) е протокол на мрежно ниво (англиски network layer протокол) за пакет-комутирани вмрежувања. Дизајниран е како наследник на IPv4 - тековната верзија на Интернет Протокол за општа намена.

Главно подобрување кое го дава IPv6 (Интернет Протокол верзија 6) е зголемувањето на бројот на адреси на располање за вмрежените уреди. Тоа овозможува, пример, секој мобилен телефон или било кој мобилен електронски уред да има сопствена адреса. IPv4 поддржува 232 (околу 4,3 милијарди) адреси, кои не се доволни согласно нараснатите потреби. IPv6 поддржува 2128 адреси; тоа е околу 3,4×1038 адреси или по околу 5×1028 адреси за секго од околу 6,5 денешни жители на земјата. На овој начин ќе се надмине проблемот со недостаток на јавни IP-адреси и најверојатно нема да има потреба од NAT (network address translation).

IPv6 не е директно компатибилна со IPv4. Адресната шема на IPv6 е нова и е заснована да им служи на демографски и модерни мрежи. Адресниот простор на IPv6 е долг 128 бити со кој е овозможено постоење на огромен број на адреси во спореедба со 32 бити за адреси кај IPv4. Но, IPv6 не е развиена со цел да го разреши само проблемот со адресите бидејќи истиот може да биде решен со користење на јавни и приватни IP-адреси.

Новитети кои ги внесува IPv6 ќе се согледаат преку разликите на IPv6 пакетите.

Како новитет во однос на IPv4, IPv6 поддржува QoS (Quality of Service) на мрежно ниво. Тоа значи дека квалитетот на сервисот (кој се дефинира преку загуби, доцнење на пакети, и проток во бити/сек) ќе може поедноставно да се имплементира во Интернет, посебно со премин на реалните комуникации (како говор) во IP средина. Ова е овозможено индиректно со користење на лабели за поток (flow labels) и приоритетна индикација, но притоа и во овој случај IP не дава гаранција за реалните end-to-end QoS како што нема и резервирање на мрежни ресурси.

Во поглед на безбедноста IPv6 поддржува автентификација и приватност. Овозможува основни фукционалности на наплаќање на услугите како и наплаќање за идните видови сообраќај.

Со цел да се подобри насочувањењето форматот на заглавјето е фиксен што овозможува хардверска обработка на истото со што се овозможува побрзо насочувањење во споредба со насочувањењето со софтверската обработка на заглавјето. Позначајни промени се направени во поглед на фрагментирањето на податоците. Кај IPv6 фрагментирањето на податоците се прави кај изворот а не како кај IPv4 каде истото се врши во насочувачите.

Проверката на грешка на IP ниво е испуштена во IPv6 со цел да се намали обработката (додека кај IPv4 требаше секој насочувач за секој пакет да ја пресметува одново контролен збир на заглавието, заради промена на TTL полето) и да се подобри насочувањењето. Проверката на грешка само би одземала време и бити од заглавието а воедно ќе воведе и излишност бидејќи и податочното и транспортното ниво вршат доверливи проверки на грешки.

IPv6 е следна генерација на IP верзија која има многу подобрувања во однос на верзијата 4 меѓу другите е и поголемиот адресен простор од 128 бити во однос на 32 битното адресно поле на IPv4.

Хоп (Hop) лимит е 8-битна вредност која ги нуди истите функции како и TTL полето во IPv4.

Но, од друга страна, IPv6 е нова IP верзија која не е радикално различна од моменталната IPv4. На мрежите сè уште им се доделуваат мрежни адреси или претставки, IPv6 ги препраќа пакетите на истиот начин, неконекционо ориентирано по принципот скок по скок, IPv6 насочувачите сè уште ги користат насочувањечките протоколи, мрежниот уред мора да биде исконфигуриран со IPv6 адреса итн. На IPv6 треба да се гледа како на поедноставна, поскалабилна и поефикасна верзија на IP.

Минималната должина на IPv6 заглаието е 40 бајти. Додека поголемиот адресен простор е позитивната страна на двапати поголемата минимална должина на IP заглавието кај IPv6 во споредба со IPv4 (таму е 20 бајти минималната должина на заглавието), излишноста на ваквото заглавие е негативната страна. Имено, кај комуникациите во реално време кои користат помали пакети (како што е пример со говор преку IP) големиот број излишни бајти во заглавието доведува до неефикасно искористување на расположливиот капацитет, односно до забележливо помал капацитет за пренос на корисните информации кај IPv6 во однос на IPv4.

Потекло и мотивација за создавањето Првата јавно употребена верзија на интернет протокол верзија 4 (IPv4) обезбедуваше можност за адресирање на проближно 4 билиони адреси (232). Оваа бројка изгледаше доволна во раните фази на интернетот кога сè уште не беше предвиден експлозивен развој и употребата на Интернет низ целиот свет.

За време на првата декада до крајот на 1980-тите години стана јасно дека мора да се развијат нови методи. Во раните деведесетти иако после редизајнирањето на системот за адтесирање со употреба на без класен мрежен модел,стана јасно дека и IPv4 ќе се исцрпи и дека мора да има промени во инфраструктурата на интернетот.

Во почетокот на 1992 се појавија неколку предлози, а до крајот на 1992 година IETF објави повик за создавање работи групи кои ќе ја создаваат следната генерација на IP Next Generation.

Internet Engineering Task Force го прифатија моделот IPng на 25 јули 1994 со формирање на неколку IPng работни групи. Во 1996 година на беше објавена серијата RFC која што го дефинира Интернет Протоколот верзија 6 (IPv6) почнувајќи со RFC 1883.

IETF го означи IPv6 за нов протокол, наследник на IPv4. Новиот протокол се нарече верзија 6 затоа што верзијата беше претходно назначена како експриментална верзија слична на верзијата 4, но со поддршка за видео и аудио.

Се очекува дека IPv4 ќе биде поддржано заедно со IPv6 во скорешна иднина. Само IPv4 и само IPv6 јазли нема да можат да комуницираат директно и има потреба од помож од посреднични порти ( gateway) или ќе мора да се употребат други транзициски механизми transition mechanisms.

Исцрпување на IPv4 Проценките за комплетно испрпување на IPv4 адресите варираа во раните 2000-ти, но сега се смета дека помеѓу 2011 и 2012 тие целосно ќе нидат исцрпени. Vo 2003 година Пол Вилсон ( Paul Wilson (директорот на APNIC)) изјави дека врз основа на сегашната употреба достапниот простор ќе трае уште една или две декади.

Во септември 2005 година еден извештај од Cisco системи (Cisco Systems) сугерираше дека достапните адреси ќе се исцрпат за неповеќе од 4 до 5 години. Во јануари 2011 година извештај којшто се обновува секој ден покажа дека IANA (Internet Assigned Numbers Authority) количината на адреси ќе се изцрпат до првата четвртина од 2011 година, со различни регионални интернет регистри којшто се употребувани од IANA пред крајот на 2011 ќе се исцрпат. Во 2008 година почна процесот за надминување на ерата после исцрпувањето на овие адреси.

Споредба на IPv6 со IPv4 IPv6 содржи нов пакетен формат направен за да го намали заглавието на пакетите, којшто се обработуваат од страна на насочувачите. Бидејќи заглавијата на IPv4 пакетите и IPv6 пакетите се значително различни овие два протоколи работат заедно. Меѓутоа во повеќе случаи IPv6 е наследник на IPv4. Повеќето транспортни и апликативни протоколи имаат потреба од малку промена или воопшто не бараат промена за да пработат преку IPv6. Искучоци се апликативните протоколи како што се FTP- протокол за пренос на податотеки i NTPv3-Network Time Protocol.

Поголем простор за адресите

Најзначајната карактеристина на IPv6 е многу поголемиот простор на адресата, отколку кај IPv4. Големината на IPv6 адресите е 128 бита, спротивно со 32 бита кај IPv4. Просторот на адресата затоа поддржува 2128 или приближно адреси. Споредбено ова е приближно адреси за секој од 6.8 милијарди живи луѓе во 2010 година. Иако овие бројки се импресивни, дизајнерите на простор на IPv6 адресите немаа намера да овозможат географско задоволување со адреси. Со тоа повеќе се овозможи годолгите адреси да го упростат лозирањето на адресите. Да се овозможи ефикасна агрегација на рутите и имплементација на специјални карактерисики на адресите. Големината на подмрежата во IPv6 е секогаш 264 адреси. Тоа е квадрат на големината на сите IPv4 адреси, простор што е 232. На овој начин вистинската употреба на просторот за адреси е помал, но раководењето со мрежата и ефикасноста на насочувачите е подобрена со поширокиот простор во подмрежата и групирањето на хиерархиските рути.

Поширока употреба Пренесувањето на пакети од повеќе одредишта во една send операција е дел од основната спецификација на IPv6. Во IPv4 оваа е опционална можност иако често употребувана одлика. IPv6 има повеќекратно адресирање, има некои заеднички одлики како и IPv4 протоколот, повеќекратното адресирање. Но исто така има и промени и подобрувања со елиминирање на потребите од некои протоколи. IPv6 не го употребува традиционалниот Интернет Протокол за емитирање. На пример пренесувањето на пакети до сите домаќини на приклучената линија употребуваат специјална адреса за емитирање, и затоа не ги дефинира, не ги одредува адресите за емитирање.

Во IPv6 истиот резултат може да биде постигнат со испраќање на пакети до локалниот линк до сите негови јазли ff02::1, што е аналогно на IPv4 кон адресите 224.0.0.1. IPv6 исто така поддржува нови повеќекратни решенија, вкучувајќи рандеву точки во IPv6 повечекратни групи адреси што ги олеснува испрачањето на интер-доменските решенија. Во IPv4 е многу тешко за организацијата, да се испрати една задача на повеќе насочувачи. Еднократната задача на адресите со локалниот интернет регистар за IPv6 имаат најмногу 64 битни претставки за рутите, давајќи мајмали подмрежни гомемини достапни во IPv6 (исто 64 битни). Со вакви задачи возможно е да се вкучат еднократните адресни претставки во IPv6 повечекратниот формат. Сè уште овозможувајќи 32 битна група (блок), најмалку значајните бита во адресата или приближно 3.2 билиони повеќекратни групни препознавачи.

SLAAC IPv6 домаќините можат да се конфигуриираат самите себеси, автоматски кога се конекитрани до насочувањената IPv6 мрежа.Тоа се прави со употреба на интернет конролирана порака протокол верзија 6 (ICMPv6) со отворање на пораката од страна на насочувачот. Кога првпат ќе се поврзе на мрежата домаќинот испраќа барање до локалниот линиски насочувач, барањето е повеќекратно, за неговите конфигурациски параметри. насочувачот му одговара на ваковото барање со рекламен пакет којшто содржи параметри за конфигурации за мрежното ниво. Ако IPv6 без состојбата е несоодветна за апликацијата мрежата може да употреби динамичен домаќин IPv6 или пак домаќинот може да биде конфигуриран статично. насочувачите претставуваат специјален случај на барања за адресна конфигурација бидејќи често се извор на автоконфигурациски информации, како насочувач и претставка. Без состојбата може да биде постигната со спрецијален протокол за преозначување на насочувачот.

Задолжителна поддршка за мрежна сигурност Сигурносен интернет протокол (IPsec- Internet Protocol Security) беше развиен за IPv6, но најде широка употреба прво кај IPv4 кај којшто беше накнадно развиен. IPsec е интегрален дел на основниот протоколски комплет во IPv6. IPsec поддршката е задолжителна во IPv6, тоа е кај IPv4 само како опција.

Упростена обработка со насочувачите (обработка од страна на насочувачите) Во IPv6 заглавието на пакетот и процесот на проследувањето понатаму на пакетот беа упростени, па така обработката од страна на насочувачите на овие пакети е многу по ефикасна па затоа е проширена со од крај до крај принципот на интернетскиот дизајн. Заглавјето на пакетот во IPv6 е многу поедноставно од она што се употребува во IPv4, со тоа што многу од ретко употребуваните полиња се префрлаат на посебни опции, како резултат на тоа иако адресите во IPv6 се 4 пати поголеми со тоа што тие имаат помалку опции нивното заглавието е само двапати поголемо отколку заглавијата на IPv4 којшто исто така е без опции. IPv6 насочувачите не изведуваат фрагментација. Кај IPv6 домаќините се бара или да изведат PMTU и да се фрагментираат, или да испрати пакет не поголем отколку вградениот IPv6 ( минимум MTU големина од 1280 октети).