десно|мини|200x200пкс| Иван Реброф настап во живо во 2006 година десно|мини|200x200пкс| Иван Реброф Иван Реброф (31 јули 1931 година - 27 февруари 2008 година) — германски вокалист од наводно руско потекло,https://www.theguardian.com/music/2008/apr/18/obituaries.culture кој станал познат по својот извонреден вокален опсег од четири и пол октави, почнувајќи од сопран до бас регистри.The Guinness book of records, 1993

Животопис Реброф е роден во Берлин како Ханс-Ролф Риперт од германски родители, но сепак тврди дека наводно има мешано руско-еврејско потекло, за што нема докази. Студирал пеење. Иако неговото знаење и изговор на рускиот јазик било несовршено, тој станал познат по пеењето руски народни песни, но исто така изведувал оперски, лесни класици и народни песни од многу други земји. Тој бил познат на сцената по неговата голема енергија. Во неговата кариера настапил на повеќе од 6.000 концерти. Реброф извел 12 настапи за 14 дена на свои седумдесетти години, како на пример на австралиската турнеја.

Иван Реброф се опишал како меѓународен, „врската меѓу Истокот и Западот“. Тој станал државјанин на Грција и живеел на грчкиот остров Скопелос во Спорадите.

Починал во Франкфурт по долго боледување."Heimlicher Bruder will Millionen-Vermögen" (29/2/09) in Aktuelle Nachrichten - Bild.de

Наводи

Категорија:Починати во 2008 година Категорија:Родени во 1931 година Категорија:Германски пејачи Категорија:Луѓе од Берлин Категорија:Носители на Крстот на Орденот за заслуги за СР Германија