мини|Лого на Германските железници Германска железница (гер. Deutsche Bahn AG) е германска железничка компанија основана во 1994 година. година. Тоа била создадено со спојување на две германски државни железнички компании - Западногерманската железница (Deutsche Bundesbahn) и Источногерманската железничката компанија (Deutsche Reichsbahn). Се означува како втора најголема транспортна компанија во светот и како најголема европска железничка компанија . Таа е во сопственост на германската држава. На полето на своето работење, покрај превозот на патници и стоки по железница, и изградбата и одржувањето на железничката инфраструктура.
Оваа компанија поседува над 500 зависни сестрински компании.Годишња брошура 2008 pp. 19, Посетено на 15. 4. 2013. Оваа компанија во областа на железничкиот сообраќај, учествува со повеќе од половина од вкупниот сообраќај. Во други области - транспорт, логистика и други услужни дејности - ја генерира втората половина од оперативниот сообраќај.
Седиштето на компанијата се наоѓало во Франкфурт некое време. Во 2000 година. се преселува во нова зграда во Берлин, но развојот и другите централни одделенија остануваат во Франкфурт.
Основниот капитал на компанијата изнесува 2,15 милијарди евра, кој е поделен на 430 милиони акции во сопственост на германската држава.Пословни извештај из 2005. године март 2006, с. 178
Врз основа на ваквите имотни односи, оваа компанија може да се нарече „приватно организирана државна компанија“. Во 2006 година била генерирана добивка од 1,68 милијарди евра.Медорн: Муштерије ће профитирати од изласка немачких железница на берзу , Посетено на 15. 4. 2013. Друштвото остварува дел од својот приход преку договори со јавни институции и организации. Одржувањето и изградбата на железничката инфраструктура се регулира посебно.
Сопствена структура "Германската железници" а. д. е во сопственост на Сојузната влада на Германија.
Поврзано Сообраќај во Германија Железнички сообраќај во Германија
Наводи
Надворешни врски Службено мрежно место
Категорија:Сообраќајот во Германија Категорија:Железнички претпријатија