Геноцидот на понтијските Грци е еден од неколкуте геноциди извршени врз христијанското население на Османлиското Царство во Првата светска војна од страна на новата турска администрација и револуцијата на Мустафа Кемал Ататурк (1914–1923). Други геноциди биле геноцидот на Ерменците и Асирците.

Во периодот од 1916 до 1923 голем број грчки, ерменски и други христијани на Мала Азија биле измачувани и убивани. Официјалниот број на убиените понтиски Грци е 353.238.Hull, Isabel V. (2005). Absolute Destruction: Military Culture and the Practices of War in Imperial Germany, Ithaca: Cornell University Press., p. 274

Грција и Кипар го признаваат на геноцидот на Грците од Понт и го одбележуваат 19 мај како ден на сеќавање. Геноцидот го признаваат и Ерменија и државите на САД - Јужна Каролина, Њу Џерси, Флорида, Масачусетс, Пенсилванија, Илиноис и Њујорк. Австралиската држава Викторија како и Канада, Франција и Велика Британија имале дебати околу тоа во своите собранија, но немаат донесено официјална одлука. Турција уште и денес не ги признава ни грчкиот, ни ерменскиот ни асирскиот геноцид.

Најголем дел од населението што се спасило пребегнало во Грција и СССР. Од околу 1.500.000 христијани што пребегнале во Грција, нешто повеќе од 500.000 се населиле во Егејска Македонија.„Историја на македонскиот народ“, 2008, 228 стр.

Белешки

Извори Hull, Isabel V. (2005). Absolute Destruction: Military Culture and the Practices of War in Imperial Germany, Ithaca: Cornell University Press.

Поврзано Понтиски јазик

Надворешни врски Информации за геноцидот на „The Australian Institute for Holocaust and Genocide Studies“ Видео: Демонстрации за признавање на понтијскиот геноцид, 26 мај 2006 во Штудгарт, Германија. Една од говорниците е Теса Хофман

Категорија:Масакри во Турција Категорија:Масакри во Отоманското Царство Категорија:Отомански Грци Категорија:Грција во новиот век Категорија:Историја на Отоманското Царство Категорија:Грчко-турски односи Категорија:Злосторства на Отоманското Царство во Првата светска војна