Перник () — град во Западна Бугарија, административен центар на општината Перник во Перничката Област. Има население од околу 74.066 жители (2022).Таблица на адресно регистрираните по постоянен и по настоящ адрес лица oт дата 15.06.2022 г. Градот е сместен на двата брега на реката Струма, во Струмската Котлина, меѓу планините Витоша и Љулин и планинскиот рид Голо Брдо.

Низ градот Перник минува транспортниот коридор 4, европскиот пат E79 и железничка линиja мегу Источна Европа и Грција. Од IV век градот се споменува како тврдина на Траките. Античките Асклепиј и Хигиjа се почитувани во регионот заради многуте минерални извори.

Прабугарите го населуваат укрепеното место и во проломот на Струма ја создаваат големата бугарска тврдина Перник. Во ХI в. градот бил доста добро утврден и претставувал значаен военоадминистративен и трговски центар на Бугарија, крепост против Византиjците и главен град на легендарниот воjвода Кракра Пернишки, за време на Првата бугарска држава.

Личности Георги Прванов - Претседател на Република Бугариjа Георги Димитров - бугарски комунистички водач и премиер на Бугарија (1946-1949) Ангел Малинов - поет Велизар Димитров - фудбалер

Галерија

Наводи

Збратимени градови 25px Скопје, Македонија 25px Лас Вегас, Невада, САД 25px Магдебург, Германија 25px Хановер, Германија 25px Бремен, Германија 25px Лублин, Полска 25px Краков, Полска 25px Кан (Северна Франција), Франција 25px Лил, Франција 25px Санкт Петербург, Русија 25px Кардиф, Обединето Кралство 25px Порто, Португалија 25px Минск, Белорусија

Надворешни врски Област Перник Портал на град Перник Општина Перник ПерникБГ Сурва, меѓународен фестивал на маскенбалските игри

Категорија:Градови во Бугарија Категорија:Перник (област) Категорија:Населени места во областа Перник Категорија:Населени места основани во 4 век п.н.е.