десно|мини| Ото Ројтер Ото Рејтер (роден како Ото Пфиценројтер на 24 април 1870 во Гарделеген, Германија – починал на 3 март 1931 година во Диселдорф, Германија) бил германски комичар и пејач.
Роден во сиромашно католичко семејство, Ројтер учел во католичкото училиште во Гарделеген и потоа бил обучен да може да работи како асистент нa продавачот. По завршувањето на школувањето, се преселил во Берлин и се вклучил во театарот и почнал да работи како комичар. Подоцна се преселил во Карлсруе и станал дел од трупа на тавернски пејачи и комичари.
Во 1895 година, тој првпат се појавил како „салонски хуморист“, веројатно во Берн, Швајцарија. Следната година го имал свој пробив.
Особено забележлива за Ројтер била неговата способност да испорачува оригинални, забавни стихови низ пеење, неговата личност полна со иронија и духовитост. По успешното појавување во „Винтергартен Варајети“ на хотелот Берлин Централ, Ројтер бил поздравен како славна личност, а во следните децении се сметал за еден од водечките уметници на сцената во Германија.
Во 1920-тите, Ројтер напишал многу од песните по кои и денес е добро познат, песни кои ги пееле многу познати германски уметници. Тој напишал повеќе од илјада парови, германска форма на забавна кабаре песна.
Под голем стрес и претрпувајќи некои лични неуспеси, Ројтер имал намера да се пензионира како милионер во 1919 година, по успешната триесетгодишна кариера. Своето богатство го вложил во својата куќа (позната како Waldschnibbe) во Гарделеген, како и во воени обврзници. Како што завршила Првата светска војна и дошло до германската инфлација, Ројтер изгубил добар дел од ова богатство и морал е да продолжи да се издржува со пренесување на своите песни на различни мали сцени.
Оттука, почнувајќи од околу 1919 година, почнало да се појавува неговото „зрело дело“: песни кои особено се одликувале со хумор и меланхолија, животна мудрост и некаква изморена острина.
Неговите песни не само што предвидувале општествени промени, туку и им принесувале на своите слушатели утеха во времиња што барале голема жртва. Неговите песни имаат тенденција да го следат вкусот на времето, како и актуелните настани.
Болен и исцрпен, Ото Ројтер починал за време на гостувањето во Диселдорф во 1931 година и бил погребан во Гарделеген.
Надворешни врски
Extensive fan site with many excellent audio samples
Категорија:Римокатолички христијани од Германија Категорија:Починати во 1931 година Категорија:Родени во 1870 година Категорија:Германска музика