Минхнер фрајхајт, понекогаш се среќава и само како Фрајхајт — германска музичка група која до 2007 година има издадено седумнаесет албуми, од кои шест златни, со повеќе од пет милиони продадени примероци во Европа. Тие името го добиле по плоштад во Минхен и истото во превод значи „минхенска слобода“. Групата припаѓа на музичкото движење Нов германски бран.
Групата е позната по нивната песна на англиски јазик „Keeping the Dream Alive“, која се искачила на 14. место на Британската табела на музички песни по нејзиното објавување во декември 1988 година. Поради нејзиното објавување во декември и богатиот оркестарски звук, „Keeping the Dream Alive“ и натаму е слушана за време на Божиќ, а песната може да се најде и во многу божиќни албумски збирки.
Минхнер фрајхајт со песната „Viel zu weit“ имаат настапено за Германија на Евровизија 1993 во Милстрит, каде со освоени 18 бодови имаат завршено на 18. место.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Германски музички групи Категорија:Учесници на Евровизија Категорија:Музички групи основани во 1980 година