Леонард Мазинг (познат и како: Готхилф Леонард Мазинг; ; — ) — универзитетски професор, теолог, славист, индоевропеист, дијалектолог, акцентолог и автор на трудови од областа на македонскиот јазик. Мазинг по потекло бил дел од Балтичките Германци.

Животопис мини|лево|Професори на Филозофскиот факултет на Универзитетот во Тарту. Професорот Мазинг седи трет оддесно налево.

Неговиот татко бил свештеникот Карл Јоханес Мазинг.Deutschbaltisches Biographisches Lexikon 1710-1960. 1970. Böhlau Verlag Köln Wien

Мазинг го започнал своето високо образование на Универзитетот во Тарту (тогаш Дорпат) во 1863 година, каде студирал теологија и филологија. Потоа продолжил со специјализација на престижните германски универзитети во Гетинген и Лајпциг, каде што бил под силно влијание на познатиот славист Аугуст Лескин. Ова искуство го обликувало како врвен познавач на словенските јазици, индоевропеистиката, дијалектологијата и акцентологијата.

Работел на Тартскиот универзитет како вонреден професор по компаративна граматика на руски јазик и литература и словенски јазици во периодот 1880-1902 и како редовен професор во периодот 1902-1925.

Македонски јазик

Како славист со феноменален слух и знаење на над 50 јазици, тој во говорот на Македонците, што ги сретнал во Германија препознал одлики на создаден јазик, различен од другите словенски јазици.

Неговите дела за рефлексот на „тј“ и „дј“ од 1890 година и за македонскиот акцент од 1891 година дале поттик за натамошни македонистички истражувања.

Дела мини|лево|page=6|За јазиковната оценка на Македонските Словени: I. Рефлексите на tj и dj., 1890

Zur Sprachlichen Beurteilung der Macedonischen Slaven, Vertretung von *tj und *dj, Санкт Петербург, 1890 Zur Laut- und Akzentlehre der Macedoslavischen Dialekte, Санкт Петербург, 1891

Наводи

Категорија:Универзитет во Тарту Категорија:Естонски јазичари Категорија:Балтички Германци