мини|Невестата на Франкенштајн (постер од 1935 година) „Невестата на Франкенштајн“ (англиски: Bride of Frankenstein) — американски филм од 1935 година, во режија на Џејмс Вејл (James Whale) по сценариото на Вилијам Хурлбат (William Hurlbut). Главните улоги ги играат: Борис Карлоф (Boris Karloff), Елса Ланчестер (Elsa Lanchester), Колин Клајв (Colin Clive), Валери Хобсон (Valerie Hobson) и Ернест Тезигер (Ernest Thesiger). Овој филм го претставува првото продолжение на филмот „Франкенштајн“ од 1931 година и се смета за едно од ретките продолженија кои се подобри од изворниот филм. Дејството во филмот се надоврзува на она од првиот филм за Франкенштајн, а филмот е заснован на споредното дејство од романот „Франкенштајн“ на Мери Шели од 1818 година.HRT, Bride of Frankenstein, američki film (пристапено на 20.5.2019) Во 1936 година, филмот бил номиниран за наградата „Оскар“ за најдобар звук, а во 1998 година бил зачуван во Националниот филмски регистар на САД.IMDb, Bride of Frankenstein (1935) Awards (пристапено на 25.2.2020)

Синопсис Во филмот се опишува како д-р Франкенштајн не престанува со своите морбидни експерименти и, по наговор на еден уште полуд научник, на својот монструм му создава придружничка.HRT, Bride of Frankenstein, američki film (пристапено на 20.5.2019) Во Швајцарија, Мери Шели (ја игра Ланчестер) им го раскажува на својот сопруг и на лордот Бајрон продолжението на приказната за чудовиштето создадено од Хенри Франкенштајн (го игра Клајв): Откако ќе изгори ветерницата во која е заробено чудовиштето (го игра Карлоф), селаните го напуштаат местото, а остануваат само родителите на убиеното девојче. Меѓутоа, чудовиштето, кое го преживеало пожарот, ги убива двајцата и бега во планината. Таму го откриваат ловците и селаните повторно организираат потера по него, успеваат да го заробат и го затвораат. Сепак, чудовиштето успева да се ослободи и се засолнува во една осамена куќарка во шумата во која живее осамен слеп старец. Старецот се однесува убаво кон чудовиштето, кое почнува да зборува, да пие и да пуши. Меѓутоа, двајца ловци го откриваат така што тоа повторно мора да побегне. Во меѓувреме, во домот на Франкенштајн пристигнува д-р Преториус (го игра Тезигер), поранешен професор на универзитетот, кој прави слични експерименти. Д-р Преториус му предлага на Франкенштајн да се здружат и да му направат невеста на чудовиштето. Франкенштајн се колеба дали да ја прифати понудата за соработка, но по наговор на д-р Преториус, чудовиштето ја заробува сопругата на Франкенштајн, Елизабет (ја игра Хобсон) и така Франкенштајн е принуден да му се придружи на д-р Преториус. Тие успеваат да создадат женско чудовиште (го игра Ланчестер), а откако сфаќа дека неговата „невеста“ не го сака, чудовиштето ја уништува кулата во која се изведува експериментот, но претходно им дозволува на Франкенштајн и на Елизабет да се спасат. На крајот, под урнатините на кулата остануваат чудовиштето, неговата „невеста“ и д-р Преториус.

Наводи

Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови од 1935 година Категорија:Црно-бели филмови Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филмови на Џејмс Вејл Категорија:Филмови со Валери Хобсон Категорија:Филмови со Борис Карлоф Категорија:Филмови со Ернест Тезигер Категорија:Филмови со Колин Клајв Категорија:Филмови со Елса Ланчестер Категорија:Филмови за Франкенштајн Категорија:Филмови засновани на книги