ФК Хебеј Чајна Форчун е професионален фудбалски клуб од Лангфанг, Кина кој моментално се натпреварува во Кинеската Супер лига.

Клубот е основан во мај 2010 година. Во првите години по основањето клубот го носел името ФК Хебеј Џонгџи, сè до 2015 година кога избориле промоција во Кинеската Супер лига и го промениле името во сегашното ФК Хебеј Чајна Форчун. По влегувањето во највисоката фудбалска лига во Кина, за клубот играле неколку познати играчи како Жервињо, Есекиел Лавеци, Ернанес и Хавиер Маскерано.

Својте домашни натпревари, Хебеј Чајна Форчун ги игра на стадионот Лангфанг, кој има капацитет од 30.000 места. Традиционалните бои на клубот се црвената и белата.

Сопствеништво и имиња низ историјата Година Сопственик Име на клубот 2011Hebei Zhongji Group ФК Хебеј Џонгџи 2012–2014 2015China Fortune Land Development 2016–ФК Хебеј Чајна Форчун

Играчи Познати играчи Ернанес Жервињо Есекиел Лавеци Хавиер Маскерано

Тренери Држава Тренер Период Причина за заминување Почеток Крај Веи Јуанхао 28 мај 2010 13 октомври 2011 Спогодбено Џанг Јандонг 14 октомври 2011 15 август 2013 Гуо Руилонг 16 август 2013 3 декември 2013 Хуанг Јанг 4 декември 2013 25 декември 2013 Нелсон Агреста 26 декември 2013 14 август 2014 Отпуштен Алехандро Лареа 14 август 2014 31 декември 2014 Спогодбено Радомир Антиќ 27 јануари 2015 18 август 2015 Ли Тае 18 август 2015 27 август 2016 Отпуштен Мануел Пелегрини 27 август 2016 19 мај 2018 Спогодбено Крис Колман 10 јуни 2018 15 мај 2019 Отпуштен

Наводи

Надворешни врски Official site

Хебеј Чајна Форчун