Дијабетес мелитус тип 1, познат и како јувенилен дијабетес е форма на дијабетес при која инсулинот во панкреасот се создава во многу мали количества или воопшто не се создава. Пред да биде третиран се јавуваат високи нивоа на гликоза во крвта. Класични симптоми се често мокрење, зголемена жед, зголемен глад и губиток на тежина. Дополнителни симптоми се заматен вид, чувство на замор и споро зараснување на рани. Симптомите се развиваат за краток временски период.
Се проценува дека 5-10% од сите случаи на дијабетес припаѓаат на тип 1. Вкупниот број на пациенти на глобално ниво е непознат, но се проценува дека секоја година околу 80,000 деца ја развиваат болеста. Во САД бројката на заболени се проценува на еден до три милиони.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Шеќерна болест