Телефонска густина – број на телефонски приклучоци на сто жители кои живеат во одредено подрачје. Истата се разликува како меѓу државите така и меѓу урбаните и руралните подрачја во рамките на една држава. Телефонската густина има значајна корелација со БНП по жител на даденото подрачје. Таа се користи и како индикатор на куповната моќ на средната класа на државата или подрачјето.
Одредување на телефонската густина Првично телефонската густина се пресметувала како број на фиксни телефонски линии на сто жители. Но со растечкиот број на земји кои регистрирале повеќе мобилни од фиксни претплатници, овој метод станал помалку значаен. Како алтернатива била предложена „мобилна телефонска густина “ како број на мобилни претплатници на сто жители. Од друга страна овој метод бил неповолен за земјите кои имале добро развиена фиксна телефонска мрежа и за оние кои сè уште имале слабо развиена мобилна мрежа, па Меѓународната унија за телекомуникации предложила воведување на „делотворна телегустина“ која била дефинирана како фиксни или мобилни претплатници на сто жители – повисокиот број.
Фиксните телефонски линии на сто жители се добиваат кога бројот на фиксни телефонски линии се подели со вкупното население и се помножи со 100. Во фиксни телефонски линии спаѓаат сите линии на кои им е доделен телефонски број од телефонската нумерација на фиксната мрежа, без разлика на технологијата преку која истиот е реализиран (бакарна парица, оптика, безжична врска). Од своја страна пак една ДМИУ линија може да има повеќе говорни канали, заради што МУТ препорачал дека сите земји треба да ја достават методологијата на пресметка за да може да се обезбеди споредба.
Мобилните претплатници на сто жители се добиваат кога бројот на мобилни претплатници се подели со вкупното население и се помножи со 100. При оваа пресметка се вклучуваат и постпејд и припејд корисниците. Корисниците кои биле неактивни во последните три месеци не се вклучени во пресметката.
Телефонска густина во Македонија
Година Вкупен број на фиксни телефонски линии Густина на фиксни телефонски линии Вкупен број на мобилни телефонски претплатници Густина на мобилни телефонски претплатници 1980 77.856 4,08% / / 1981 92.605 4,84% / / 1982 105.501 5,50% / / 1983 119.439 6,21% / / 1984 137.496 7,12% / / 1985 154.427 7,97% / / 1986 189.320 9,74% / / 1987 211.813 10,87% / / 1988 240.684 12,31% / / 1989 261.319 13,32% / / 1990 285.700 14,52% / / 1991 303.230 15,36% / / 1992 313.407 15,83% / / 1993 325.365 16,38% / / 1994 337.839 16,96% / / 1995 350.464 17,54% / / 1996 367.256 18,32% / / 2010 415.144 20,22% 2.153.425 104,90% 2011 422.053 20,56% 2.213.223 107,82% 2012 408.318 19,82% 2.235.460 108,52% 2013 396.523 19,22% 2.237.250 108,48% 2014 383.590 18,59% 2.224.439 107,86% 2015 371.003 17,93% 2.083.583 100,69% 2016 368.370 17,78% 2.050.494 98,99% 2017 366.529 17,46% 2.008.008 97,62% 2018 382.901 18,45% 1.969.109 94,88% 2019 400.454 19,27% 1.921.013 92,48% 2020 415.390 20,00% 1.862.138 89,68% 2021 425.646 23,17% 1.941.352 105,70% 2022 438.586 23,87% 1.932.871 105,23% 2023 448.139 24,48% 1.950.114 106,56% 2024 448.139 24,54% 1.975.907 108,19% Од 2021 година како број на жители се зема податокот од пописот во 2021 година.
Наводи
Категорија:Телефонија Категорија:Мобилни телекомуникации