Ѓевалхудин Јусиќ (хрватски: Đevalhudin Jusić), познат како Ѓело Јусиќ (хрватски: Đelo Jusić, 26 јануари 1939, Дубровник - 31 мај 2019) бил хрватски композитор, аранжер, диригент и гитарист.

Животопис Ѓело Јусиќ е роден во Дубровник. Неговата ќерка, Дубравка Јусиќ, исто така е поп-музичарка. Јусиќ починал на 31 мај 2019 година.Kako nam je Đelo Jusić govorio o smislu života: 'Moji unuci su moj đardin s najlepšim cvijećem'

Музичка кариера Јусиќ почнал да се занимава со музика во 1960-тите, како основач на групата Дубровнички трубадури (Dubrovački trubaduri). Музичката инспирација ја црпел од родниот град и дал значаен придонес кон подемот на средоземната струја во хрватската популарна музика. Во 2007 година ја добил наградата „Порин“ (Porin) за животно дело.

Наводи

Категорија:Родени во 1939 година Категорија:Починати во 2019 година Категорија:Хрватски композитори Категорија:Југословенски композитори Категорија:Луѓе од Дубровник Категорија:Добитници на Златна арена Категорија:Добитници на Порин