thumb|250px|Човечко око.
Око — името на органот за вид на повеќеклеточните животни. Еволутивно, првите „очи“ претставуваат во суштина молекулска агрегација на фоторецепторите во едноклеточните организми. Со усложнување на градбата на организмите, фоторецепторите се преместуваат на одредено и константно место во организмот, градејќи ги првите сетилни органи за вид. Кај примитивните животни, очите се клучни за брзи реакции во движењата, грабливоста или бегањето. Кај посложените животни, сетилото за вид е само едно од примачите на информации од надворешноста и овие информации се интегрираат во мозокот.
Еволуција на окото
thumb|десно|200px|Сложените очи на вилинското коњче.
Кај еволутивно најпримитивните животни, сунѓери, не постојат очи како органи. Возрасните сунѓери се силни организми кои имаат филтрирачки начин на исхрана и во нивниот живот фоторецепцијата нема голема улога. Младите сунѓери и ларвите се подвижни организми и ним сетилото за вид им е повеќе потребно, иако сè до неодамна се сметало дека ни ларвите на сунѓерот немаат очи. Со експериментите на осветлување на ларвите, докажано е нејзиното бегање од осветлувањето (тоа понатаму водело до откривање на фоторецепторите групирани на едниот крај на ларвата, опколени со трепките кои ја раздвижуваат ларвата). Кај останатите без‘рбетници, очите по правило се развиени. Исклучок прават паразитски облици или организми во најголемите морски длабочини, но повеќето животни за кои би се рекло дека немаат очи, тие ги имаат. Така, очи постојат кај инсектите, раковите, пајакот, но и кај медузите, планаријата и школките.
Постојат разлики меѓу очите на одделни групи животни. Во прв ред, очите можат да бидат прости, односно изградени од една фоторецепторна клетка опкружена со потпорни клетки или сложени, кога има систем од повеќе рецепторни клетки кои се интегрираат во процесот на примање на дразби. Повеќето прости очи служат само за детектирање на светлина, но кај некои организми (пајаци и некои гасеници) овие очи создаваат и слики. Сложените очи се едни од важните одлики, изградени од многу фацети (мало просто око), по кои се одликуваат инсектите. Иако често се смета дека секоја фацета создава сопствена слика и дека инсектите гледаат умножено, оваа ситуација е ретка — најчесто е во прашање добра координација на фацетата која овозможува создавање на слика од голем агол на гледање и голема резолуција во мозокот. Фоторецепцијата има голема и важна улога во секојдневието кај животните. Кај животните кои зависат од сетилото за вид во потрагата по храна, очите се добро развиени. Најразвиени се очите кои ги поседуваат главонозите и ‘рбетниците. Во овие две групи на животни, очите низ различни еволутивни патеки доаѓаат на исто решение на градба и функционирање на органите за вид.
Очи на ‘рбетниците
Очите на ‘рбетниците можат да бидат:
Непарни, кои ги имаат мал број ‘рбетници во вид на темено (круглоусти, некои риби и гуштери) и пинеално око (кај круглоусти, а кај останатите ‘рбетници тоа еволуирало во епифиза) Парни, кај најголемиот број ‘рбетници, вклучувајќи го и човекот.
Парните очи се изградени од типот на затворен очен меур (очно јаболко). Очното јаболко е обвиткано со три слоја:
Белка — надворешна обвивка што на предниот дел образува проѕирна рожница Садовница — богата со крвни садови; на предниот дел образува должница, која на средината има отвор наречен зеница; зад должницата лежи очното сочиво Мрежница — внатрешна обвивка; таа е најсложен дел на окото и во неа се наоѓаат сетилните клетки односно фоторецепторите: Стапчиња — одговорни за разликување на светлина и темнина; кај цицачите тие се побројни од чунчињата Чунчиња — одговорни се за воочување на бои и детални предмети; најмногу ги има во средината на мрежницата (на линијата која поминува низ центарот на окото), на местото што се нарекува жолта дамка — место на најостриот вид.
Функција на очите
Главната функција и намена на очите во човечкиот организам и воопшто кај ’рбетниците е прием на дразбите на светлината, нивно проследување и обработка до мозокот, по што се создава слика. Односно, преку функционирањето на оптичкиот пат на приемот на дразбите на светлината, очите служат како рецептори и органи на сетилото за вид. Во очите се содржат фоторецепторите коишто се вид на невроцит кои се способни светлинската дразба да ја претвораат во дејствен потенцијал. Поконкретно, фоторецепторот апсорбира фотони кои предизвикуваат промена во мембранскиот потенцијал во акциски кај невронот. Оваа нервна информација евентуално ќе биде искористена од визуелниот систем во черепниот мозок за да формира слика на визуелниот свет. Очите како тема во уметноста и во популарната култура Очите (најчесто, очите на некоја девојка или жена) се јавуваат како тема во бројни дела од уметноста и популарната култура.
Очите како тема во книжевноста „Травник запален со очи“ (српски: Травник запаљен очима) - српска народна песна.Народне лирске песме. Београд: Просвета, 1963, стр. 43. „Очите соколови и ѓаволски“ (српски: Очи соколове и ђаволове) - српска народна песна.Народне лирске песме. Београд: Просвета, 1963, стр. 43-44. „Најубавите очи“ — песна на македонската поетеса Христина Аслимоска од 2003 година.Христина Аслимоска, Бисерни зборови. Охрид: Летра, 2003, стр. 19. „Очите на сиромавиот“ - песна во проза на францускиот поет Шарл Бодлер.Charles Baudelaire, Spleen Pariza. Zgreb: Mladost, 1952, стр. 79-81. „Населени очи“ (српски: Настањене очи) — стихозбирка на српскиот поет Оскар Давичо од 1955 година.„Оскар Давичо“, во: Оскар Давичо, Песме. Српска књижевна задруга, Београд, 1958, стр. 236. „Очи“ - песна на југословенскиот поет Мак Диздар.Мак Диздар, Горчин. Скопје, Македонска книга, стр. 119. „Очите нејзини“ - песна на Мак Диздар.Мак Диздар, Горчин. Скопје, Македонска книга, стр. 51-52. „Очи“ - песна на српскиот поет Јован Дучиќ.Јован Дучић, Сабрана дела II, Песме љубави и смрти. Београд: Народна просвета (без дата), стр. 34-35. „Очите на непријателот“ (италијански: Occhi nemici) - расказ на италијанскиот писател Итало Калвино.Italo Kalvino, Pre nego što kažeš „halo“. Beograd: Rad, 2001, стр. 37-40. „Видело“ — песна на македонскиот поет Блаже Конески од 1988 година.Блаже Конески, Црква. Скопје: Арс Ламина - публикации, 2021, стр. 53. „Твоите очи без сновидение“ — песна на македонскиот поет Јован Котески.Јован Котевски, Пеплосија. Мисла, Скопје, 1966, стр. 38. „Ти ги погледнав очите“ — песна на шпанскиот поет Федерико Гарсија Лорка.Федерико Гарсија Лорка, Песме. Рад, Београд, 1970, стр. 111. „Очите на синото куче“ - расказ на колумбискиот писател Габриел Гарсија Маркес од 1950 година.Gabrijel Garsija Markes, Oči plavog psa. Beograd: Sezam Book, 2015, стр. 67-73. „Очи за око“ - кус расказ на македонскиот писател Дејан Мирчески од 2012 година.Дејан Мирчески, Кристалните јами на пропаста, Темплум, Скопје, 2012. „Трепка во око“ — кус расказ на македонската писателка Сања Михајловиќ-Костадиновска од 2018 година.Сања Михајловиќ-Костадиновска, (Бес)конечни модели на расказот. Скопје: Бегемот, 2018, стр. 49. „Урочливи очи“ — кус расказ на македонската писателка Сања Михајловиќ-Костадиновска од 2018 година.Сања Михајловиќ-Костадиновска, (Бес)конечни модели на расказот. Скопје: Бегемот, 2018, стр. 77. „Блескави очи“ - кус расказ на италијанскиот писател Еуџенио Монтале.Euđenio Montale, Leptir iz Dinara i ostali prozni spisi. Beograd: Rad, 1979, стр. 37-42. „Твоите очи“ - песна на унгарскиот поет Шандор Петефи.Šandor Petefi, Sloboda i ljubav. Beograd: Rad, 1969, стр. 35. „Камено око“ - песна на македонскиот поет Анте Поповски.Анте Поповски, Дрво што крвави. Скопје: Детска радост, Наша книга, Македонска книга, Култура, Мисла, 1991, стр. 10. „Очите мамини“ — песна на македонскиот писател Бошко Смаќоски.Бошко Смаќоски, Модричка тетратка. Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2004, стр. 36. „Око“ — песна на македонскиот поет Стојан Тарапуза.Стојан Тарапуза, Сон на тркала, Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2015, стр. 6. „Има едни очи“ — песна на македонскиот поет Стојан Тарапуза.Стојан Тарапуза, Сон на тркала, Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2015, стр. 67. „Очи“ - песна на македонскиот поет Ацо Шопов.www.macedonium.org, Очи - Ацо Шопов (пристапено на 7.2.2016)Ацо Шопов, Песни. Скопје: Македонска книга, Мисла и Култура, 1988, стр. 25-26. „Во очите на сињарките“ - песна на Ацо Шопов.Ацо Шопов, Песни. Скопје: Македонска книга, Мисла и Култура, 1988, стр. 127.
Очите како тема во филмот „Златно око“ (англиски: Golden Eye) - филм од 1995 година во режија на Мартин Кембел.„Бонд го спасува светот од катастрофа“, Антена, број 813, 24.1.2014, стр. 3. „Очи без лице“ (Les yeux sans visage) - француски филм на режисерот Жорж Франжу од 1960 година.IMBD, Eyes Without a Face (1960) (пристапено на 7.2.2016) „Очи широко затворени“ (Eyes Wide Shut) - филм на режисерот Стенли Кјубрик од 1999 година.IMBD, Eyes Wide Shut (1999) (пристапено на 7.2.2016) „Затворени очи“ (Occhi Chiusi) - филм на режисерот Џузепе Петито од 2017 година.IMBD, Occhi Chiusi (2017) (пристапено на 18.5.2017)
Очите како тема во музиката „Твоите очи, Лено мори“ - македонска народна песна.Ѓорѓи Доневски, Сокол ми лета високо. Скопје: Културно-уметничкото друштво „Гоце Делчев“, 1978, стр. 71. „Кој ти ги даде тие црни очи“ - македонска народна песна.Macedonian Folklore Classics, Anka Gieva. Macedonian Radio and Television, MP 41048. „Очите на Гари Гилмор“ (англиски: Gary Gilmore's eyes) - песна на британската панк-рок група The Adverts од 1977 година.YouTube, The Adverts - Gary Gilmore's eyes (1977) (пристапено на 30.12.2016) „Очи на задната страна од твојата глава“ (англиски: Eyes in the back of your head) - песна на британската панк-рок група The Adicts од 1982 година.YouTube, Eyes in the Back of Your Head - The Adicts (пристапено на 28.12.2016) „Очи без лице“ (англиски: Eyes Without a Face) - песна на британскиот рок-пејач Били Ајдол од 1983 година.YouTube, Billy Idol - Eyes Without a Face (1960) (пристапено на 7.2.2016) „Празни очи“ (англиски: Hollow Eyes) — песна на американската хард-кор група 'Articles of Faith.DISCOGS, Articles Of Faith – Complete Vol. 1 1981-1983 (пристапено на 24.6.2021) „Ѓаволски очи“ (англиски: Devil Eyes) - песна на американскиот рок-музичар Тим Бакли (Tim Buckley) од 1972 година.DISCOGS, Tim Buckley – Greetings From L.A. (пристапено на 17.10.2018) „Удар во очите“ (англиски: Kick in the Eye) - песна на британската рок-група Баухаус од 1981 година.YouTube, BAUHAUS ~ Kick in the Eye (пристапено на 18.2.2019) „Замаглени очи“ (англиски: Foggy eyes) - песна на американската рок-група Beat Happening од 1985 година.YouTube, beat happening - beat happening (full album) (пристапено на 23.8.2017) „Човекот со детето во неговите очи“ (англиски: The Man With The Child In His Eyes) - песна на англиската пејачка Кејт Буш (Kate Bush) од 1978 година.YouTube, Kate Bush - The Man With The Child In His Eyes (пристапено на 30.8.2017) „Светли сини очи“ (англиски: Pale Blue Eyes) - песна на американската рок-група Велвет Андерграунд (Velvet Underground) од 1969 година.YouTube, The Velvet Underground \ The Velvet Underground, 1969 (Full Album)(пристапено на 17.2.2018) „Моите очи (ми прават неволји)“ (англиски: My Eyes (Keep Me In Trouble)) — песна на американскиот блуз-музичар Мади Вотерс (Muddy Waters).Muddy Waters – The Anthology (пристапено на 1.4.2023) „Во твоите очи“ (англиски: In Your Eyes) - песна на британскиот музичар Питер Гебриел (Peter Gabriel) од 1986 година.YouTube, In Your Eyes - Peter Gabriel (пристапено на 17.5.2017) „Роден кривоглед“ (англиски: Born Cross-Eyed) — песна на американската рок-група The Grateful Dead од 1968 година.DISCOGS, The Grateful Dead – Anthem Of The Sun (пристапено на 11.11.2022) „Големи кафеави очи“ (англиски: Big Brown Eyes) — песна на американската поп-рок група The dB's од 1981 година.DISCOGS, The dB's – Stands For Decibels (пристапено на 19.4.2024)